29 Септември, 2024
0.0306

СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ: кризата во 90-те и денес!

Објавено во: Анализа 26 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата паѓаа. Валутите на пазарите беа во слободен пад. Венецуела беше западната во финансиска криза, а Русија беше западанта во нефункционалноста на долгот и девалвација на валутата. Годината беше 1998. Растечките пазари денес изгледаат на сличен начин со тогашната состојба. Сепак за изминатото време се случиле клучни промени, кои можат да им помогнат на голем дел од нив да избегнат комплетни кризи. Сличностите: Намалената цена на нафтата Суровата нафта поевтине со 48% во однос на врвот во јуни до околу 55 долари за барел, притискајки ги извозниците од Венецуела до Русија и Нигерија. Осигурувањата за заштита од банкрот покажале 87% веројатност Венецуела да ја прекине исплатата на државните хартии од вредност во рок од пет години, покажуваат податоци. Руската економија, која е изложена на санкции од САД и Европската унија поради војната во Украина, ќе се намали со до 4,7% следната година, ако нафтата остане по цена од 60 долари за барел, покажуваат податоците на Руската централна банка. Валутите тонат На 15 декември индексот на Bloomberg, кој ги надгледува 20-те најдобро тргувани валути на пазарите во развој, падна на најниско ниво од 2003 година. Рубљата го надмина нивото од 70 рубљи за долар за прв пат. Турската лира падна до историско дно, а индонезиската рупија се врати на нивото од 1998 година За време на азиската финансиска криза од 1997 година и 1998 година земјите од Тајланд до Малезија се откажаа од заштита на валутите. Ова го натера тајландски Бах да загуби половина вредност за шест месеци. Јужнокорејците се редат по улиците, за да донираат златен накит, па владата да успее да се пополни смалувањето на резерви во странска валута како резултат на девалвацијата на корејскиот Вон. Политиката на Федералните резерви на САД Американската централна банка ги постави основите за првото зголемување на основната каматна стапка од 2006 година, заканувајќи се на тој начин на земјите во развој со вшмукување на капитал. Земјите со големи буџетски дефицити, вклучително и Турција, Јужна Африка и Бразил, се ранливи, според банката Credit Agricole. Меѓу таквите земји е и Малезија, во која странските инвестиции се одговорни за околу 30% од локалниот владин долг. Серија зголемувања на основната каматна стапка од страна на ФЕД во средината на 90-тите години на минатиот век помогна за почетокот на падот на валутите во Азија, која на крајот доведе до банкрот на Русија. Разликите: Флексибилните девизни курсеви Земјите во развој им дозволиле на нивните девизни курсеви да варираат, за разлика од фиксните девизни курсеви кои преовладуваа во времето на кризата кон крајот на 90-тите. Додека послабите валути ја негуваат инфлацијата, тие исто така го стимулираат економскиот раст, бидејќи го прават извозот поефтин. Девизните резерви Девизните резерви на земјите во развој се во неколку пати поголеми од оние кои ги имаа на крајот на 90-тите. Ова ќе им помогне да ја смират нестабилноста на финансиските пазари. Вкупно растечките пазари држат 8,1 трилиони долари, споредено со 659 милијарди долари во 1999 година, покажуваат податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Нивоата на надворешен долг Наместо да земаат кредити во долари владите сега главно наоѓаат финансирање во локална валута. Ова им овозможува да ги исплаќаат долговите без да би морале да ги намалуваат резервите од странска валута. Надворешниот долг на земјите во развој е еквивалентен на 26% од вкупниот бруто домашен производ (БДП) за минатата година во однос на 40% во 1999 година, покажуваат податоците на ММФ. Важна промена е фактот дека компаниите, а не владите, се извор на должнички проблеми. Корпорациите во земјите во развој продале околу 375 милијарди долари меѓународен долг помеѓу 2009 година и 2012 година. Оваа сума е над два пати поголема од вредноста за четирите години пред светската финансиска криза од 2008 година, објави во септември Банката за меѓународни порамнувања. Каматни стапки Иако основните каматни стапки се зголемуваат во некои земји во развој тие остануваат пониски од нивоата во 1998 година. Русија ја зголеми својата основна каматна стапка од 10,5% до 17% на 15 декември, додека некои краткорочни стапки се зголемија со над 100% во 1998 година. Во Бразил владата ја зголеми основната каматна стапка до 11,75%, што сепак е помалку од половина од нивото од 1998 година. K.K.