Сликата која ја одбележа 2016 - Тероризам, бегалски кризи, разнишана Европа, нова љубов меѓу САД и Русија
Објавено во: Анализа, Свет 31 Декември, 2016 16:30
Можеби сосема случајно но, оваа слика на која петте лидери на едни од најголемите светски сили во светот „мафтаат“ пред камерата, а само Ангела Меркел стои мирно ја отслика симболиката на светската политика во 2016-та. Од петте лидери, четворица им завршува мандатот или пак беа принудени да си поднесат оставки поврзани со клучни прашања.

Британскиот премиер Дејвид Камерон мораше да си поднесе оставка откако самиот побара да се одржи референдум за прашањето дали Велика Британија треба да излезе од Европската Унија кој тотално го промаши. Брегзитот донесе голема неизвесност за европската економија, но и сомнеж дали ЕУ како политички концепт може да продолжи да постои со оглед на најавите за нови референдуми базирани на популистички движења.

Францускиот претседател Франсоа Оланд пак, се соочи со големи предизвици со повеќето терористички напади, а се чини дека токму поради лошото справување на безбедносните служби ја губи довербата од народот и има закана на функција да стапи кандидат од екстремната десница на следните избори.

Италијанскиот премиер Матео Ренци исто така си поднесе оставка откако референдумот за новите овластувања на владата да носи итни законски мерки за побрзи реформи во економијата и политичкиот систем во склад со ЕУ, не успеа. Сега и на Италија и се заканува можно одалечување од Брисел и дополнителна нестабилност на Стариот континент.

Своите последни потези во политиката ги влече и американскиот претседател Барак Обама кој сосема природно му завршува вториот и последен мандат во јануари, но се чини дека се за што се бореше изминатите 8 години како негово наследство во САД ќе биде погазено од страна на Доналд Трамп, новоизбраниот непредвидлив претседател кој е поблизок со Русија, а ќе им се спротистави на Кина и скапата политика на НАТО.

Единствено сигурна сега засега е Анкела Меркел која и натаму има добар рејтинг во Германија иако мигрантската прифатна политика и наштети на угледот. Со демохристијанската ЦДУ Меркел ќе мора многу понапорно да работи за да ја врати довербата но, се чини дека таа е последниот столб на „старата“ Европа и целиот проект на интеграција на ЕУ зависи од нејзината силна волја, па нема така лесно да се предаде.
Автор: Христијан Станоевиќ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





