19 Декември, 2025
0.0412

СЛОБОДНИ ЕКОНОМСКИ ЗОНИ: Колкав е ќарот на Македонија од странските инвестиции?

Објавено во: Економија 26 Март, 2016 12:47

Добивај вести на Viber

Со многу привилегии и ослободувања од различни давачки, владата води политика на привлекување странски инвеститори во Македонија.

Политиката на привлекување на инвеститорите да ги вложат своите пари во Технолошко индустриските развојни зони, но и надвор од нив, според власта е една од најуспешните во делот на економијата.

Според податоците на Народната Банка во 2015. во Македонија влегле странски инвестиции со вкупна вредност од 157 милиони евра.

Но, кои се придобивките од овие слободни економски зони?

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски зони, Виктор Мизо убедува дека над 5.000 нови вработени и значајно зголемување на извозот на државата се клучните придобивки од отворените 14 технолошко-индустриски развојни зони.

Меѓутоа, податоците од Централниот регистар покажуваат дека реалноста е поинаква. До крајот на 2014 година (до кога има достапни податоци), во сите фабрики што имале производство во технолошко индустриските развојни зони, работеле вкупно 3.187 луѓе.

Во овие компании пак, македонската пот сепак евтино поминува. Просечната плата на вработените во слободните економски зони минатата година изнесувала 325 евра.

И покрај државната помош што ја добиваат странските инвеститори, платите што ги даваат се пониски од платите кај домашните компании кои не работат во зоните и не добиваат државна помош.

Сепак, за придобивките од странските инвестиции тешко е да се зборува во недостиг на транспарентност и отчет од владата.

Во отсуство на детален отчет невладините организации се оние кои бараат начини како да дојдат до релевантни податоци кои би помогнале во добивањето појасна слика.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар