28 Септември, 2024
0.0254

СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА: Градежништвото и преработувачката индустрија бараат кадар!

Објавено во: Анализа 04 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Скоро 2 300 слободни работни места во преработувачката идустрија. Зад неа – градежништвото, трговијата и траспортот. Според последните податоци на статистиката., во првиот економски квартал од годинава во земјава имало скор 6 500 слободни работни места, најмногу во скопскиот и во вардарскиот регион. Како се објаснува состојбата со дефицит на работен кадар од една страна, и стотици илјади невработени, од друга страна? Според стопанствениците, од година во година расте недостатокот на стручен, односно квалификуван кадар. Во градежништвото – потреба од 2 000 вработувања... Она што го измери статистика, го потврдува и бизнис заедницата. Најголем број на слободни работни места има во градежништвото и преработувачката индустрија. Иако на пазарот има десетици илјади невработени, како понуда на работна сила, фирмите во пракса се соочуваат со сериозен недостаток на квалификуван работен кадар, коментираат стопанствениците од повеќе сектори. “Точно е дека има недостаток на кадар и фирмите веќе подолг период се соочуваат со оваа состојба. Вработуваме технолози, електроинженери, економисти, правници кои немаат речси никакво практично искуство. Многу е тешко да се најде обучен кадар, евентуално да се превземе од некоја друга фирма, која веќе инвестирала, односно вложила во тој кадар, што не е во ред. “- вели за “Фактор“ Арбен Абдурахмани, сопстевник на тетовската индустрија “Везе Шари“. Според мерењата на Завод за статистика во првите три месеци од годинава во преработувачката индустрија биле регистрирани 2 266 слободни работни места, додека во истиот период биле пополнети повеќе од 100 500 места. Стапката на слободни работни места во преработувачката индустрија изнесува 2,20%. Еве во кои сектори колку слободни места имало во првите три месеци од годинава: Преработувачка индустрија 2 266 Трговија 1 261 Градежништво 641 Транспорт 472 Според стопанствениците од градежниот сектор, токму во овој бизнис станува алармантна состојбата со недостаток на кавалификувана работна сила. “Дефинитивно постоечките и новите градежни зафати на двата автопати на исток и на запад ќе влијае врз зголемување на побарувачка на работна сила. Потреба ќе имаат и носителите на градежните проекти и фирмите кои ќе бидат анагажирани во Македонија. Се проценува дека ќе има потреба од 1000 до 2000 градежни работници.“ - вели за “Фактор“ Никола Велковски, претседател на Комората на градежници. Со најавата за почеток на изградбата на двете патни делници Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид беше оценето и дека ќе расте и потребата од градежни работници. Дел од нив ќе ги обезбеди носителот на проектот, кинеската корпорација а другата половина треба да бидат ангажирани работници од Македонија. Градежници пред пензионирање, кој ќе ги наследи .. Поголема пракса и стимулирање на образованието на стручни занаетчиски кадри. Таму, според бизнисмените терба да се бара решението за сегашната состојба на дефицит на квалификувани и обучени лица. “Компаниите, државата и образованието треба да бидата на иста линија и координирани кога станува збор за практична обука на кадрите. Во моментов постои прокет за превземање на студенти од Штуловиот универзитет за работна обука во фирмите, но проектот е многу скап, фирмите мора да вложуваат во кадар за кој не се знае дали во иднина ќе остане да работи во компанијата која вложила во него. Генерално, ваквиот проект би бил успешен ако добие на масовност. Практичната обука е многу важна“ - смета бизнисменот Абдурахмани. Еве колку слободни работни места има според занимањето: ракувачи и составувачи на машини 1 646 услужни дејности и продажба 1 601 елементарни занимања 1 104 службеници 612 техничари 484 стручњаци и научници 480 Во градежништвото состојбата е загрижувачка. Според Велковски, голем дел од работниците се речиси пред пензионирање и нема кој да ги замени. “Сегашната квалификувана работна сила е скоро пред пензионирање и она што алармира е дека нема млад и кавлификуван кадар што може да ги замени сегашните работници. Ние веќе укажавме дека државата мора да најде начин за стимулирање, субвенционирање на ваквиот вид на кадар, зидари, монетри, електроинсталатери, професии што сега се дефицитарни. Државата мора да се грижи како да се задоволат овие потреби на пазарот на труд преку таргетирање и поддршка на овие професии, односно занаетчиските училишта да се вратат во фокусот“ - вели Вековски од градежната комора. Според податоците на Заводот за статистика, во првиот квартал од годинава најголем број на слободни работни места имало во фирмите со повеќе од 250 варботени а зад нив се фирмите од 10 до 49 вработени А.Д.