Словачка, Бугарија, Унгарија и Романија градат гасовод
Објавено во: Балкан 26 Мај, 2015 22:20
Словачка, Бугарија, Унгарија и Романија во текот на самитот на Источното партнерство во Рига, потпишаа декларација за изградба на нов гасовод Истринг (Eastring), објавено е на сајтот на гаснотранспортниот систем (GTS) Словачка Јустрим (Eustrim).
Капацитетот на гасоводот, чие покренување е планирано за во 2018 г. би требало да биде од 20 до 40 милијарди кубни метри гас годишно. Новиот гасовод би одел од словачко-украинската граница, преку Унгарија, Романија и Бугарија до границата на Турција со Бугарија или Грција, објавија неодамна Риа новости.
„Компанијата Јустрим го поздравува потпишувањето на декларацијата за поддршка на заедничките напори на четирите клучни земји да ги диверсификуваат изворите и маршутите на испорака на природен гас. Документот кој во Рига го потпишаа министрите за надворешни работи на Бугарија, Романија, Унгарија и Словачка прокламира неопходност за обезбедување на стабилни и сигурни испораки на гас во централна и источна Европа“, се наведува во соопштението кое го пренесува рускиот сајт Noi.md.ru.
Една од предностите на тој проект е тоа што може да ја користи постоечката инфраструктура на Јустрим, која целосно е обновена после кризата во 2009 година.
Можниот извор на гас би биле Азербејџан, Туркменистан, Ирак, Кипар и Русија. Должината на цевководот, зависно од проектот, ќе биде од 744 до 1051 километар.
Процената на вредноста за првата фаза од проектот е 1,3 милијади евра.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




