16 Јануари, 2025
0.0331

Словачки компании заинтересирани да влезат во Македонски железници

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Неколку словачки фирми се заинтересирани за влез во „Македонски железници -  Транспорт“, вели амбасадорот на Словачка во Скопје Роберт Кирнаг во интервју за „Бизнис плус“. Сепак, според Кирнаг, реализацијата на тие инвестиции засега е блокирана поради одложувањето на либерализацијата на железничкиот сектор во Македонија до нејзиниот влез во ЕУ.

„Нашите интереси за влез на тој пазар се блокирани бидејќи македонските власти сакаат да ја заштитат државната транспортна компанија МЖ Транспорт, која не би можела да го издржи притисокот на конкуренцијата. Овој сектор мора да претрпи промени. Мора да се отвори, ако не подоцна, тогаш на денот на влезот  во ЕУ, но ние сакаме тоа да се случи што поскоро“, наведува амбасадорот.

Тој информира дека компании од Словачка се заинтерсирани и за влез во велешката фабрика за шински возила „Колска“. „Ја посетив фабриката каде се изведуваат одредени видови ремонт кои се единствени на Балканот. Но, првин треба да се трансформира од државно друштво со ограничена одговорност во акционерско друштво. Долговите треба да се претворат во акционерски удели, а мнозинството од акциите контролирано да се продадат на стратешки инвеститор, кој ќе ги купи акции од државата и со тоа ќе ги врати парите во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, како и во даночната управа“, наведува Кирнаг за „Бизнис плус“

Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено