Добивај вести на Viber
Отпуштање на вработени и затворање на филијали, предвидува програмата за санација на најголемата и најзадолжена словенечка банка. Според медиумите Нова Љубљанска банка по програмата за санација која е подготвена на барање на Европската комисија, би можела да биде помала за 35 проценти.
И покрај сите досегашни процеси на докапитализација, кои надминуваат сума од 1,5 милијарди евра, кои ги обезбеди словенечката држава во чија власт е оваа банка, на НЛБ и понатаму и е потребен барем уште половина милион евра за да може да продолжи да функционира. Нејзините загуби постојано се зголемуваат со давањето лоши кредити на компаниите, а една третина од словенечката економија зависи токму од оваа банка.
Поради фактот дека и самата држава се наоѓа во длабока рецесија, и дека и овој пат нема да може така лесно да ја докапитализира НЛБ, се подготвува програма за реорганизација и санација на оваа банка која без државна помош не би можела да преживее.
Медиумите објавуваат дека НЛБ, ќе го намали бројот на вработени за 650 до 700 луѓе и ќе укине 17 организациски единици, со затворањето на една третина од филијалите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.