20 Декември, 2025
0.0341

Словенечката полиција ги истражува челниците на НЛБ поради продажбата на Меркатор?

Објавено во: Балкан 21 Септември, 2013 19:50

Добивај вести на Viber

Откако вчера словенечката полиција покрена голема акција и приведе едно лице поради сомневање за илегално користел инсајдерски информации за тоа дека „Агрокор“ сака да го преземе „Меркатор“, денеска медиумите јавуваат дека приведен е директорот и шеф на Управата на Новата Љубљанска банка, Јанко Меѓ . Засега полицијата не ги соопштува имињата на фирмите и лицата вмешани во скандалот. Целата истрага, се наведува дека е покрената по анонимна пријава во 2009 година, а словенечката полиција  соработувала со хрватската власт. „Лицето кое што е осомничено е поранешен вработен во финансискиот сектор на банката. Осомничениот работел во групата, која при извршување на банкарските работи на подрачјето на нашата и соседните држави дошле до информации дека една фирма од соседството планира да преземе друга од Словенија. Информација пак имала влијание на цената на хартиите од вредност, кои котираат на пазарот во Република Словенија. Врз основа на информацијата банките започнале да купуваат хартии од вредност од словенечката фирма, по пониска цена од онаа која што беше предвидена за преземање на таа фирма“, изјави шефот на истрагата Роберт Слодеј кој појасни дека е тешко да се процени колкава е финансиската добивка на осомничениот на кој му се заканува затворска казна од пет години. Словенечката полиција вчера на работното место го посети и претседателот на Надзорниот одбор на Нова Љубљанска банка, Франк Архар, но како што јавуваат словенечките медиуми тој е на слобода.  

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација