СЛОВЕНИЈА ГИ ВРАЌА МАСКИТЕ: Се појави новиот сој на коронавирусот
Објавено во: Балкан 20 Април, 2023 15:18
Нов вид на коронавирус е потврден во Словенија и затоа властите ги враќаат маските. Станува збор за арктурус, објави „Б92“.
Податоците од Националната здравствена лабораторија во Словенија покажаа дека меѓу примероците позитивни на коронавирус, кои се секвенционираа помеѓу 24 март и 7 април, потврдиле нова омикронска подваријанта XBB.1.16.
Симптомите на овој сој се: чешање, конјунктивитис и високи температури. Сепак, досега не се евидентирани сериозни компликации. Сега во Словенија доминира претходната варијанта на омикронскиот сој на коронавирусот XBB.1.5, но тие почнаа да се изолираат и да се инфицираат со најновиот вид арктурус. Но, се смета дека овој сој побрзо се шири, пишува „Јутарини.хр“.
Сојот го има во најмалку 24 држави. Во Индија за еден ден има над 3.000 нови случаи. Нагло зголемување на заразени е забележано и во САД, Канада, Сингапур, Австралија и Јапонија. Сојот е пронајден и во Данска, Германија, Шпанија, Холандија, Шведска и Италија.
foto freepik.com/vitaliiborkovskyi
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




