„СЛОВЕНИЈА И ЦРНА ГОРА МОРА ДА ГО ЗАПРАТ БРОДОТ ШТО ПРЕНЕСУВА ЕКПЛОЗИВИ ЗА ИЗРАЕЛ“: Португалскиот брод сака да се закотви во нивните пристаништа
Објавено во: Балкан 03 Октомври, 2024
Амнести интернешнл посочува дека Словенија и Црна Гора мора
да го спречат португалскиот брод Катрин да се закотви во нивните пристаништа
бидејќи превезува експлозиви наменети за Израел.
„Опасноста таквиот товар да придонесе за извршување на воени злосторства во Газа е јасна“, пишува Амнести во својот апел.
Според информациите од Владата на Намибија и португалскиот министер за надворешни работи, товарот на бродот Катрин вклучува експлозив наменет за Израел.
Намибиските власти одбија да дозволат бродот да се закотви во неговото главно пристаниште во август, повикувајќи се на информации од операторот на бродот дека товарот вклучувал осум контејнери со експлозиви RDX Hexogen наменети за Израел. Во изјавите од кабинетот на премиерот на Словенија и на министерот за надворешни работи на Португалија се посочува дека бродот се упатил кон Црна Гора и словенечкото пристаниште Копер, каде што ќе го истоварува товарот. Не е јасно како товарот потоа ќе стигне до Израел.
Катрин во моментов, според порталот Marine Traffic, се наоѓа во Јадранското Море недалеку од Ластово.
„Сега останува на Словенија, Црна Гора и другите земји да го спречат ова“
„Смртоносниот товар за кој се верува дека е на бродот Катрин не смее да стигне до Израел бидејќи постои јасна опасност таквиот товар да придонесе за извршување на воени злосторства против палестинските цивили“, рече Наташа Посел, шеф на Амнести интернешнал Словенија.
„Намибија со право ги исполни своите меѓународни обврски обезбедувајќи Катрин да не транспортира воен товар до Израел преку своето пристаниште. Сега останува на Словенија, Црна Гора и на сите други земји да го сторат истото и да избегнат овозможување нелегални трансфери“, додаде таа.
Меѓународното хуманитарно право им забранува на сите држави да префрлаат оружје на страна во вооружен конфликт доколку постои јасен ризик дека таквиот трансфер ќе придонесе за извршување на воени злосторства или други сериозни прекршувања на МХП.
Државите кои го прават тоа мора веднаш да престанат
Амнести интернешенел документира широки докази за воени злосторства извршени од сите страни во последната ескалација на конфликтот во Израел и окупираните палестински територии, користејќи широк опсег на оружје. Истражувањето на Амнести интернешенел покажува дека израелската војска користела експлозивно оружје за да изврши директни напади врз цивили и цивилни објекти и недискриминирачки напади во Газа, ја блокирала хуманитарната помош и колективно ги казнувала Палестинците во текот на изминатата година.
Државите кои продолжуваат да му пренесуваат оружје на Израел ги прекршуваат своите обврски од Заедничкиот член 1 од Женевската конвенција и мора итно да дејствуваат за да ги спречат сите такви трансфери.
Понатаму, како страни на Договорот за трговија со оружје, Црна Гора, Португалија и Словенија се обврзаа да воспостават највисоки можни меѓународни стандарди за регулирање на меѓународната трговија со конвенционално оружје со цел да се намали човечкото страдање. Како држава со знаме, Португалија не смее да го користи својот брод за пренос на експлозиви или мора да го отстрани своето знаме за да не учествува во трансферот.
Катрин започна од Виетнам
Бродот Катрин отплови со товар од пристаништето Хаи Фонг во Виетнам на 21 јули. Околу еден месец подоцна, намибиските власти ја повлекоа дозволата претходно дадена за Катрин да влезе во главното пристаниште на Намибија, повикувајќи се на информации од операторот на бродот дека дел од експлозивите на бродот биле наменети за Израел. Оваа одлука е донесена поради загриженоста за можно соучесништво во воените злосторства во Газа. Катрин требаше да се закотви во заливот Волвис на 25 август.
На 31 август, специјалниот известувач на Обединетите нации за окупираните палестински територии, Франческа Албанезе, рече дека осум контејнери со експлозив на бродот Катрин содржеле „клучни компоненти во воздушните бомби и ракети“ што ги користи Израел против Палестинците. Албанезе ги повика другите земји да не дозволат бродот да се закотви во нивните пристаништа.
фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.