06 Декември, 2025
0.0956

Словенија ја тужи Moody’s?

Објавено во: Балкан 19 Мај, 2013 11:29

Добивај вести на Viber

За можна тужба против бонитетната агенција Moody's размислува Словенија која драстично и` го намали кредитниот рејтинг, во моментот на силните активности на тамошната влада на издавање на државните обврзници, изјави премиерката Аленка Братушек во интервју за мариборскиот дневен весник Večer објавено во саботата. -Размислуваме за правна акција против Moody`sи на тоа сум лично наклонета. Неоправдано се вмешаа во постапката на издавање на словенечките државно обврзници, а такво нешто не би смеела да прави ниедна кредитна агенција", вели словенечката премиерка. Со продажбата на двете државни обврзници во американски долари, Словенија од почетокот на мај на финансискиот пазар успеа да се задолжи за 2,7 милијарди евра, при што за обврзницата со десетгодишно доспевање на обврските мораше да понуди камата од 6 отсто. Агенцијата Moody`s на 1-ви мај го намали кредитниот рејтинг на Словенија од Ба1 на Баа2, сигнализирајќи има на потенцијалните инвеститори дека словенечкиот државен долг дошол во категоријата „ѓубре" поради проблемите во словенечкиот банкарски сектор и зголемувањето ан веројатноста дела на Словенија ќе и` биде потребна меѓународна финансиска помош, што премиерката Аленка Братушек упорно го негира. Пред можните правни дејствија, словенечкото министерство за финансии ќе побара од Moddy`s појаснување, бидејќи со оваа агенција стапиле во контакт пред роуд-шоуто за пласман на обврзниците, но можноста за намалување на рејтингот не им била спомената со ниеден збор, вели Братушек. Таа за весникот вели дека се неоправдани медиумските шпекулации дека Европската комисија не е задоволна од програмата со којашто нејзината влада има намера да ги стабилизира јавните финансии и да го санира домашниот банкарски сектор, а оти од Брисел очекува дека ќе и` го продолжи рокот за намалување на буџетскиот кусок на нови пот 3 отсто од бруто домашниот производ , бидјеќи такво одложување добиле и некои други земји.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии