06 Декември, 2025
0.1083

Словенија ќе исплаќа плати со обврзници?

Објавено во: Балкан 29 Мај, 2013 12:20

Добивај вести на Viber

Доколку не бидат доволни тековните мерки за финансиска стабилизација на Словенија премиерката Аленка Братушек не ја исклучи можноста дел од платите во јавниот сектор да се исплаќаат со обврзници со државна гаранција. "Ние се уште размислуваме дали и како може државата да се задолжи и позајми од граѓаните", рече Братушек во интервју за весникот "Дневникот", одговарајќи на прашањето што е со идејата од пред два месеца, која во интервју ја презентираше министерот за економија Станко Степишник велејќи дека вработените во јавниот сектор кои имаат плата над 1500 евра, дел од платата ќе ја добијат со одложување од една година, и за таа сума ќе добијат хартии од вредност со владините гаранции. Намалување на платите во јавниот сектор, што е договорено со синдикатите и ќе се применува од 1 јули беше неопходно поради финансиски дефицит на државата, и доколку е потребно во иднина, владата не исклучува некоја нова форма на задолжување од граѓаните. Словенечката премиерка рече дека нејзината визија е "социјална и солидарна Словенија", а не држава со ниски даноци и високи општествени поделби. "Социјална и солидарна држава за мене се единствениот начин, и друг пат не гледам. Секој кој има повеќе мора да биде свесни дека тоа бара солидарност, дури и кога не е задоволен со даноците. Ниски даноци значат ниски социјални стандарди, нови отпуштања, тоа не е моја визија ", изјави Братушек. Таа додаде дека го следи примерот на, скандинавските земји со високи општествени стандарди, а не земји со ниски даноци каде што нема квалитетни јавен здравствен и образовен систем. "Сега ни е потребен договор какова држава сакаме, во каква држава луѓето сакаат да живеат", рече Братушек додавајќи дека нејзиниот одговорот е јасен и дека нема друга визија, освен Словенија го гледа како социјален и солидарност земја.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии