05 Декември, 2025
0.0825

Словенија мора брзо да делува

Објавено во: Балкан 26 Март, 2013 13:41

Добивај вести на Viber

Условите под кои на Кипар му беше одобрен пакетот финасиска помош од ЕУ од 10 милијарди евра, мора да биде предупредување за осетливите економии во еврозоната. Ова важи и за Словенија која мора своите финасиски и банкарски проблеми што побрзо да ги реши, пренесуваат локалните медиуми. Единствениот вистински начин за новата словенечката влада да ја избегне ситуација во која беше принудена да побара финансиска помош е брзо спроведување на мерки за спасување на банките, пишува љубљански Дело, цитирајки мислење на   финансиски  аналитичари. Тие сметаат дека новата Влада  мора да дејствува брзо во наредните два месеци да ја претстави својата буџетска политика, мерки за справување со седум милијарди лоши кредити, акумулирани во словенечкиот банкарскиот систем. Ако се спроведат веродостојни  мерки, Словенија во мај или најдоцна во  јуни  ќе може да смета на позајмица од меѓународните финансиски пазари со што ќе се  создадат одржливи каматни стапки за рефинансирање на нови државни обврзници. Во спротивно, Словенија  ќе дојде во ситуација  мерките за штедење во замена за одобрената помош да и ги диктира "тројката". -Мораме да делуваме во наредните два месеци, толку време имаме ако сакаме да ги продадеме обврзниците. Но проблемот ќе продолжи ако ништо не се случи до есен, тврди економистот Игор Мастен и додава дека до тогаш би било предоцна за преземање на самостојни мерки кои би ги донела владата. Новиот словенечки министер за финасии Урош Чуфер изјави дека Кипар по својата структура, базирана на финасиската индустрија, целосно е неспоредлив со Словенија и дека проблемите во кипарските банки биле многу поголеми отколку оние во неговата земја.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии