Словенија презема построги мерки по убиството во Ново Место
Објавено во: Балкан 26 Октомври, 2025 18:01
По смртоносниот напад врз 48-годишен маж во Ново Место, словенечката влада одржа итен состанок на кој беа договорени мерки за подобрување на безбедносната состојба. Државниот секретар за национална и меѓународна безбедност, Војко Волк, изјави дека е неопходно веднаш да се реагира за да се врати довербата на граѓаните во нивната безбедност.
„Овие предлози се насочени кон тоа да реагираме веднаш и да покажеме дека сакаме да воспоставиме контрола над ситуацијата, за да им го вратиме чувството на сигурност на луѓето. На стручна и оперативна основа ќе направиме сè што е возможно во рамките на постојното законодавство. Потоа, стручните и политичките тела ќе дејствуваат на среднорочен план за она што по вчерашниот настан се покажа како неопходно“, изјави Волк.
Советот за национална безбедност предложи значително засилување на Полицијата во Ново Место со полициски службеници од други единици, а ако е потребно ќе биде ангажирана и посебна полициска единица. Волк најави и формирање на координативна група која ќе го насочува теренскиот работен процес, привремено раководена од оперативна група на секретаријатот кој тој го води.
Главната јавна обвинителка, Катарина Бергант, изјави дека Јавното обвинителство, поради влошувањето на ситуацијата поврзана со ромската заедница, ја заостри казнената политика, особено во случаи на повторно сторени и насилни дела.
Таа нагласи дека можат да дејствуваат само во рамките на постојното законодавство. Во соопштението наведе дека се згрозени од саботниот напад, кој најостро го осудуваат, и изрази сочувство до семејството на починатиот.
Премиерот Роберт Голоб најави дека во наредните денови и недели ќе се подготви пакет законски измени со цел поефикасен одговор на влошените безбедносни услови, како во Ново Место, така и на други места во земјата.
Претседателот на Врховниот суд, Миодраг Ѓорѓевиќ, коментираше дека правосудството е „последно во низата“ и дека за решавање на ваквите случаи е потребно добро и ефикасно законодавство, полиција и јавни обвинители.
Инаку, 48-годишникот отишол да го земе својот син пред локал во Ново Место, затоа што му се заканувала група Роми. Тие потоа го нападнале и претепале, а човекот починал во болница од задобиените повреди.
Во Словенија, двајца министри поднесоа оставки по убиството.foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




