Словенија прогласи епидемија - со Ковид 19 заразени 82 лица
Објавено во: Балкан 12 Март, 2020
Словенија проглaсува епидемија поради коронавирусот. На вонредна прес конференција ова го објави премиерот Марјан Шарец, откако бројот на потвредени пациенти со Ковид-19 достигна 82.
Претпоставките на словенечките здравствени власти се дека во наредните денови и недели бројот на заразени лица интензивно ќе се зголемува, поради што ќе се активираат сите служби за цивилна заштита.Дополнително, словенечката полиција почна да ги враќа и товарните возила кои доаѓаат од Италија, бидејќи соседна Хрватска не дозволува влез на овие камиони на нејзина територија, па затоа се создаде метеж на словенечка територија.
– Ќе помине извесно време за повторно да го вратиме животот како досега. Да ги оставиме да работат они кои знаат како да се справат со вирусот. Граѓаните да ги слушаат препораките на стручните лица, а не на некои интернет сајтови. Не смееме на никој начин да ги дискредитираме оние кои се заразени со коронавирусот, изјави Шарец.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.