„Словенија прва во СФРЈ, на дното во ЕУ“
Објавено во: Балкан 25 Февруари, 2013 07:59
„Можете да ја погледнете статистиката. Наш привилигиран партнер во надворешната трговија е Германија, а размената е нееднаква. Значи, новопроизведената вредност од Словенија оди во Германија“, тврди Мочник, во интервју за РТС.
Владата на ЕУ, тој ја оценува како комесарска која не е под демократска контрола, додавајќи дека Словенија не е значаен политички фактор во таква заедница.
„Една држава со два милиони и со не баш силна економија, со економија која пропадна во последните 10-15 години, не може баш да го турка своето во Брисел. Типичен однос е што една словенечка индустрија станала подизведувач на големи транснационални компании со седиште во Германија или Франција“, смета Мочник.
Европската унија пред судир на развиените со неразвиените земји
Словенечкиот социолог Мочник предвидува дека во Европа ќе дојде до судир на развиените капиталистички земји со вишок капитал и неразвиените кои бараат од тој капитал. Според него, капиталот доаѓа само за да создаде профит, односно да “воведе една прилично брутална експлоатација“, поради што неразвиените земји сега или подоцна ќе дојдат во ситуација да побараат европска алтернатива.
Сегашнава Европа, додава Мочник создава проблеми кои не е способна да ги решава на прифатлив начин, туку тоа го прави брутално, така што се случуваат опасни ситуации и народни бунтови. Е сега кој ќе профитира од тие бунтови е отворено прашање, смета тој.
Излез од економската криза Мочник гледа во ставањето под контрола на финасиските пазари за што е потребен „силен“ меѓународен светски играч“, односно Европска унија.
„Таа е доволно силна и економски и политички за да може да влијае на светските финансиски пазари“, смета Мочник и додава дека тоа не би можела да го направи ниту една држава самостојно, покрај Германија и Франција.
Словенија имаше погрешна тактика после „смртта“ на СФРЈ
Зборувајќи за распадот на СФРЈ, словенечкиот социолог Мочник како главен виновник за распадот на поранешна Југославија го смета Уставот од 1974 година, истакнувајќи дека парламентарната демократија во доцните 80-ти години не можела повеќе да фунцкионира во тогашната држава, бидејќи сите политички сили веќе биле групирани национално.
Како што објасни, да беше ситуацијата нормална, Словенците кои го напуштија последниот конгрес на Сојузот на комунисти во Белград во 1990 година, веднаш требаше да отидат во Загреб, Скопје, Сараево и Титоград да бараат сојузници и создадат политичка алтернатива, но тоа не беше направено, бидејќи во тој момент веќе беше невозможно да се организира политичка сила на федерално ниво, што пак е услов за да функционира една федерација, констатираше Мочник во интервјуто за РТС.
обработка Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





