05 Декември, 2025
0.2151

Словенија размислува да допродаде се што има од државен имот!

Објавено во: Балкан 13 Април, 2013 16:00

Добивај вести на Viber

Почеток на приватизација најави словенечката премиерка Аленка Братушек на државниот имот, како дел од мерките за борба против кризата. Според нејзините зборови, владата напорно работи на изработка на реформи и финансиска стабилизација, кои официјално ќе бидат претставени до 9 мај. -Ќе подготвиме програма за стабилизација и реформи до 9 мај, и веднаш потоа ќе ги испратиме до Брисел. Свесни сме дека немаме на располагање недели и месеци, туку само денови“, рече Аленка Братушек, пренесува „France press“. -За три недели од доаѓањето на оваа влада, не е возможно да се поправи се што порано било направено погрешно“ рече Братушек на конференцијата за новинари. Премиерката додаде и дека владата ќе подготви ревизија на буџетот, бидејќи наследениот буџет е „далеку од добар“. Според Братушек  нејзината влада затекнала многу полоша ситуација на државниот буџет отколку претходната влада и веројатно ќе биде потребна ревизија на буџетот и зголемување на некои даноци, најверојатно ДДВ-то, пренесоа словенечките медиуми. Таа најави дека нејзината влада ќе продолжи да работи на санација на банкарскиот систем, на програмата за финансиска стабилизација и дека ќе преземе први чекори на приватизација на делови од државниот имот. Владата на парламентот во текот на наредните две недели ќе им даде предлог за приватизација на две поголеми компании во државна сопственост, рече Братушек, додавајќи дека нејзина желба е да се продаде и една од банките. -Новата влада не може да ги руши проектите на претходната и да ги почнува од почеток, а со реформите треба да се продолжи“, рече премиерката. Европската комисија во средата соопшти дека Словенија и Шпанија претставуваат најголем ризик во еврозоната, додека пак, Организацијата за економска соработка и развој ја повика Словенија итно да го доведе во ред својот банкарски систем. Трошоците за задолжувањето на Словенија, денес, достигнаа ниво од 6,84 проценти, што е блиску до опасното ниво од седум проценти.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии