Словенците 2013-та ќе ја дочекаат со протести
Објавено во: Балкан 24 Декември, 2012 11:42
Протестите поради незадоволството од владејачките политички елити и социо-економската ситуација во Словенија не ги остварија своите цели и ќе продолжат и следната година, се наведува во истражувањето на јавното мислење, објавено денеска од љубљанскиот дневен весник „Дело“.
Анкетата покажува дека 85 проценти од 401 испитан Словенец со право на глас сметаат дека протестите кои ги одбележаа последните четири години во земјата, ќе продолжат и во 2013 година, додека 11 проценти не веруваат дека протестите ќе продолжат.
Вкупно 66 проценти од испитаниците тврдат дека протестите не ги оствариле своите цели, 27 отсто сметаат дека се постигнати, а седум отсто Словенци немаат јасно мислење за ова прашање.
Во анкетата спроведена на 17 и 19 декември, 15,9 отсто испитаници изјавија дека ќе излезат на протести низ цела Словенија во петок, додека 66,2 проценти од Словенците изјавија дека ги подржуваат демонстрациите, но дека нема да излезат на улица.
Весникот „Дело“ оценува дека протестите на улиците низ словенечките градови предизвикано од незадоволство поради економската криза, владините мерки за штедење и сите словенечки политичари засега остануваат без последици во политиката
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени





