Добивај вести на Viber
На втор општонароден протест во Словенија денеска повикаа неколку Фејсбук групи кој ќе се одржи на 11 јануари во Љубљана под слоганот „Бараме оставка од политичката елита“.
Анонимните организатори ги советуваат сите кои неможат да дојдат во Љубљана, своето незадоволство од актуелната власт да го искажат во градовите ширум земјата.
Првиот словенски народен собир се одржа пред повеќе од една недела, кога во Љубљана и неколку други градови мирно протестираа повеќе од 5000 граѓани.