Словенците се дигнаа на востание, демонстрираат против политичката елита
Објавено во: Балкан 09 Март, 2013 10:58
Во Љубљана денеска во попладневните часови ќе се одржат нови демонстрации на граѓани против политичката и економска елита, под мото Четврто словенечко востание.
“Нема никаква причина со заминувањето на Јанша да престанеме бидејќи клиентилизмот и корупцијата се испреплетени од двете страни на политичките полови“, изјави за денешни словенечки весници еден од организаторите на протестите Урош Лубеј.Тој додава дека „ниту Аленка Братушек никогаш не се дистанцирала од Зоран Јанковиќ кој според Комисијата за спречување корупција дејствувал подеднакво коруптивно, како и дека со тоа Позитивна Словенија покажала еднаков однос спрема јавната функција каков што имаат Јанша и Словенечката демократска партија“.
“Денешното востание е многу важно бидејќи ќе укаже дека на луѓето не им е само до заминување на Јанез Јанша туку дека ги интересираат темелни промени во системот“, вели Уршула Чиповец Чеброн од Филозофскиот факултет во Љубљана.
Учесниците ќе бараат оставки од „неспособната и корумпирана политичка елита“ и предвремени избори. Организаторите најавија дека протестите ќе траат до исполнување на нивните барања. Учесниците и организаторите на протестите разгледуваат можност за формирање и своја политичка партија која би излегла на предвремени избори.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





