29 Септември, 2024
0.0247

Сложни соседи пари прават

Објавено во: Анализа 25 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Во понеделникот минатата недела Саудиска Арабија отвори берза на пазар за странски инвеститори. Најсилните овации сепак за овој чекор може да дојдат не од друго место, туку од нејзините соседи во Персискиот залив, коментира The Wall Street Journal (WSJ). Меѓународното деби на саудискиот пазар беше високо очекуван од странските инвеститори, бидејќи тоа е еден од најголемите пазари, до кои немаат пристап. Но други арапски земји – вклучувајќи ги Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), најверојатно ќе заработат најмногу, бидејќи тоа ќе го привлече инвеститорското внимание кон регионот како целина. Во принцип големите меѓународни инвеститори не покажуваа особен интерес кон Заливот, бидејќи најголемиот за нив пазар беше затворен, коментира Сачин Мохиндра, гувернер на портфолиото со седиште во Абу Даби, Invest AD. Компанијата управува повеќе од 350 милиони долари во средства со фокус на шесте земји членки на Советот за соработка на земјите од Персискиот Залив. "Отворањето на саудискиот пазар ќе го промени овој тренд и ќе има позитивен ефект врз останатите пазари од Заливот, бидејќи интересот расте на глобално ниво", додава тој. Земјите од Заливот, чии економии се силно зависни од нафтата, се соочуваат со најтешките времиња од години, откако цените на нафтата паднаа речиси преполовено во изминатата година и се очекува да останат ниски како резултат на презаситеност на пазарот и слабото побарување. Некои лидери од регионот се надеваат дека зголемувањето на странските инвестиции во локални компании ќе помогне да се диферсифицират нивните економии, за да не зависат толку многу од нафтата. Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) диверзификација ќе помогне да се утврдат нафтено независните економии што ќе биде исклучително важно во иднина, ако нафтените резерви продолжат да се намалуваат. Пазарната капитализација на Саудиска Арабија е поголема од онаа на сите пазари во Заливот земени заедно Пазарната вредност на најголемата запишана фирма, петрохемиски гигант Saudi Basic Industries Corp. (Sabic), е поголема од целиот пазар на јавни претпријатија во Оман и Бахреин земени заедно. Саудискиот пазар вклучува различни сектори, вклучувајќи и финансиски услуги, индустрии, телекомуникации, прехранбена индустрија и трговија на мало, што го прави многу повеќе разнобразен во споредба со остатокот од Персискиот Залив. Според некои инвеститори регионот има добри изгледи за економски раст и покрај сегашниот пад на цените на нафтата. Гадир Абу Лејла-Купер, шеф во Baring Asset Management, вели дека според нив има "многу можности во фирмите за недвижности, потрошувачката и услугите во образованието и здравството, како и во религиозниот туризам". Baring очекува компаниите во сферата на приватното здравство, образованието и обуката да се меѓу најпрофитабилните во Заливот. Пазарот во Саудиска Арабија забележува раст од 16% во 2015 година и се очекува да достгине петгодишен врв, тврди Credit Suisse и додава дека саудиските акции се тргуваат 16,8 пати поскапо од предвидениот профит, како за споредба овој сооднос е само 12,7 на растечките пазари во светот. Земјите од Заливот планираат да вложат друг тип напори за да ги стимулираат економиите надвор нафтата Дубаи, кој е дел од ОАЕ и има ограничени нафтени резерви, стана регионален центар на туризмот и трговијата, создавајќи компании од светска величина како Emirates Airline и пристанишниот оператор DP World кои ги покажуваат неговите амбиции за раст. Пазарот на недвижности привлекол големи странски инвестиции, делумно поради фактот дека е релативно безбеден и отворен за странци во споредба со другите делови на регионот. Абу Даби, исто така дел од ОАЕ, и Катар го следеа т.н. "Дубаиски модел", користејќи огромни резерви од нафтени и гасни фондови, за да ги субвенционираат своите активности и во други сектори. И двете држави создадоа огромни авионски компании и се обидуваат да привлечат повеќе трговци и туристи. Според Конференцијата на ОН за трговија и развој (UNCTAD) директните странски инвестиции во земјите од Заливот во последната година биле доста бавни. Западна Азија, која ги вклучува земјите од регионот, забележува опаѓање на директните странски инвестиции со 4% до 44 милијарди долари во 2014 година во однос на 8% пад на светско ниво. "Од бизнис гледна точка Дубаи може да е еден од најпрофитабилните, особено ако инвеститорите ги користат Емиратите како центар од кој да работат на саудиските финансиски пазари", вели Џејсон Теви, економист за Блискиот Исток во лондонската Capital Economics. Дубаи има добро функционирачки финансиски центар, во кој веќе се сместени некои од најголемите компании поврзани со инвестиции во светот. Емиратите нуди лесен начин за живот и поголема слобода во споредба со некои од своите соседи - Саудиска Арабија, на пример, која не им дозволува на жените да управуваат автомобили и забранува секакви форми на забава како филмови и концерти. Ова го прави Дубаи попривлечна опција за странците. Катар и ОАЕ добија статус на пазари од MSCI минатата година, дозволувајќи им на светските берзи и менаџери да ги следат индексите и да купуваат акции од овие држави. Тоа покажа позитивно, но краткорочно влијание врз земјите. Обработка: К.К. Извор: The Wall Street Journal