06 Јули, 2024
0.0276

СЛУЧАЈ “АКТОР“: Што содржат кредитните задолжувања од ЕИБ и ЕБОР?

Објавено во: Македонија 16 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Тунели, надвозници, подвозници, споредни патишта. Изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица нема само значање за домашната економија, туку станува збор за стратешки инфраструктурен проект кој како дел од Коридорот 10, ги поврзува Грција со Австрија. Токму поради ова, меѓународната тројка: Европската Комисија, Европската Банка за Обнова и Развој и Европската Инвестициска Банка обезбедија силна финансиска конструкција за да се изградат речиси 29 километри на исклучително тежок терен, но со огромно инфраструктурно значење. Зад целиот инфраструктурен проект стојат три меѓународни извори на финасисрање, а мал дел од вкупната финансиска конструкција е обезбедена од буџетски пари. Европската Инвестициска Банка (ЕИБ) и Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБРД) обезбедија 265 милиони евра во форма на кредит, додека Европската унија, преку третата компонента на ИПА одобри 45 милиони евра во форма на грант. Кредит од ЕБРД: Според Законот за задолжување на земјава кај Европската Банка Обнова и Развој со кредит од 107 милиони евра, првата рата би требало да се плати за околу еден месец или на 20-ти април годинава. Според договореното, Македонија на ЕБРД и плаќа еднократна провизија од 1%.
 “Рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години. Отплатата ќе се врши во 25 полугодишни рати кои пристигнуваат за плаќање на 20 април и 20 октомври секоја година, започнувајќи од 20 април 2014 година, а завршувајќи на 20 април 2026 година. Годишната каматна стапка е варијабилна каматна стапка шестмесечен ЕУРИБОР зголемена за 1% на годишно ниво“, пишува во Законот за задолжување кај ЕБОР.
Во меѓувреме, за неискористениот дел од заемот, Македонија се обврзала да плаќа провизија од 0,5% од износот на неповлечените средства. Меѓународните кредитори наметнуваат строга контола врз парите кои ќе бидат трошени за овој проект. Така, властите во земјава се обврзале дека ќе поднесуваат извештаи за секоја фискална година, ревидирани од страна на независни ревизори прифатливи за Банката, а во согласност со меѓународно прифатените стандарди. Договорите за заем  предвидуваат и санкции во случај на злоупотреба на парите.
“Доколку, во кое било време, Банката утврди дека плаќање од, или каква било употреба на посебните сметки, е извршено спротивно на барањата  и го утврди износот од заемот на кој се однесува таквата злоупотреба, Банката може, со известување до заемопримачот, да го прекине правото на заемопримачот да врши повлекувања во врска со таквиот износ. По доставувањето на такво известување, се откажува таквиот износ од заемот“ , пишува во Законот за задолжување на Македонија кај меѓународните кредитори.
Проектот, според законското решение, треба да се реализира во две компоненти и тоа: - Изградба на автопат на Коридор 10 од Демир Капија до Смоквица и - Изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини За првата компонента од проектот задолжена е “Оперативната структура“ составена од  Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за државни патишта. Втората компонента од проектот ќе ја имплементира Агенцијата за државни патишта. Од вкупната финансиска конструкација од 107 милиони евра што ја одобри ЕБРД, скоро 90 милиони евра се наменети за изградбата на делницата, 16 милиони евра за втората фаза на поставување на електронски систем за патарина, 100 илјади евра за косултантски услуги и 1 милион евра – провизија за неповлечениот дел од средствата. Кредит од ЕИБ: Кредитното задолжување од 130 милиони евра од одборот на директори на Европската инвестициска банка беше одобрено во јануари 2011 година. Според договореното, заемот е разделен на два дела од по 65 милиони евра. Заемот од ЕИБ ќе се повлекува во најмалку пет транши.
“Рокот за отплата на секоја транша од заемот може да изнесува од најмалку четири години до најмногу 25 години од датумот на повлекување на траншата, со вклучен грејс период кој може да биде помеѓу 60 дена и седум години од датумот на повлекување на траншата. Рокот за отплата на заемот ќе се одреди за секоја транша одделно на денот на доставувањето на барањето за повлекување на средствата од заемот од страна на Министерство за финансии“ – пишува во законот за кредитното задолжување од ЕИБ.
Каматната стапка, според договореното, ќе се одредува за секоја транша од заемот одделно, на денот кога ќе се достави барање за повлекување на средствата. Каматната стапка, во зависност од тоа дали ќе биде поповолна за Македонија, може да се пресметува како фиксна или променлива. Според договорот со ЕИБ, од првиот дел од кредитот во вредност од 65 милиони евра,  63,5 милиони евра ќе се тршат за финансирање на градежните работи и за надзорот на терен, 1,5 милиони евра се наменети за обезбедување на техничка помош. И Европската Инвестициска Банка во обемниот Договор за заем наметнува строги контроли во трошењето на парите.
“Заемопримачот се обврзува да преземе такви активности како што Банката разумно ќе побара за истражување и прекинување на секоја наводна или сомнителна активност, потоа да ја извести Банката за мерките преземени за откривање штети од лицата одговорни за која било загуба што произлегува од секоја таква активност“, пишува во Договорот.
Коридорот 10 – клучна траса за поврзување на Грција со Австрија! Поради комплексноста на теренот, целиот проект за изградба на делницата Демир Капија-Смоквица е оценет како сложен и комплексен. Изградбата опфаќа мостови, тунели, натпатници, потпатници, клучки. Според податоците, просечниот годишен сообраќај по овој автопат во текот на денот изнесува околу 15 000 возила, а се претпоставува дека тој ќе се зголемува за 6% на годишно ниво, односно дека ќе достигне 40 000 возила до 2020 година. Низ територијата на Република Македонија, Коридор 10 е во согласност со националниот пат М - 1 (меѓународна ознака Е-75), кој поминува во правец Север-Југ. “Со обезбедување на ефикасна инфраструктура ќе се придонесе за намалување на трошоците на возење и заштеда на време преку олеснување на протокот на возила. Обезбедувањето на хомогена инфраструктура ќе има позитивно влијание и на меѓународниот проток на возила и трговската размена, како и транзитирањето низ земјата. Со доизградбата на оваа алка во должина од околу 28,18 км, ќе се обезбеди поврзување на главните урбани, индустриски и трговски центри долж Коридорот 10 во рамките на регионот и пошироко во Европа“ , пишува во законските решенија за кредитно задолжување на Македонија кај меѓународните кредитори. Од вкупната финансиска конструкција, 6,5 милиони евра се пари обезбедени од Буџетот на Македонија. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГО МЕНУВА ГАШИ: Зеќирија Ибрахими ќе ја води Алтернатива

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГО МЕНУВА ГАШИ: Зеќирија Ибрахими ќе ја води Алтернатива

ИМЕНУВАЊЕТО ДИРЕКТОРИ ОДИ ПОД ЛУПА: Антикорупциска на штрек, ќе „лови“ неправилности

ИМЕНУВАЊЕТО ДИРЕКТОРИ ОДИ ПОД ЛУПА: Антикорупциска на штрек, ќе „лови“ неправилности

ЗА ШТО Е ПОВИКАН ФРЧКОСКИ НА КОНСУЛТАЦИИ ВО МНР? Шокантни информации се пишуваат во медиумите

ЗА ШТО Е ПОВИКАН ФРЧКОСКИ НА КОНСУЛТАЦИИ ВО МНР? Шокантни информации се пишуваат во медиумите

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРВ ПОЛИЦАЕЦ ВО ТЕТОВО: Риат Али има 20 годишно искуство во полицијата, бил полицаец а потоа инспектор за борба против дрога

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРВ ПОЛИЦАЕЦ ВО ТЕТОВО: Риат Али има 20 годишно искуство во полицијата, бил полицаец а потоа инспектор за борба против дрога

АПАСИЕВ ИМАЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ, ВЕЛИ ОЛИВЕР МУ РЕКОЛ „АЈДЕ БЕ МЕНЕ СО ПИШТОЛИ, АЈДЕ НАВИКНИ СЕ“: Лидерот на Левица откри кој му се заканувал

АПАСИЕВ ИМАЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ, ВЕЛИ ОЛИВЕР МУ РЕКОЛ „АЈДЕ БЕ МЕНЕ СО ПИШТОЛИ, АЈДЕ НАВИКНИ СЕ“: Лидерот на Левица откри кој му се заканувал

СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА ПА СОЛУН: Брза пруга за брзо патување до Грција

СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА ПА СОЛУН: Брза пруга за брзо патување до Грција

ОВА ГО ИМА САМО ВО ЧАИР: Две возила блокирале улица, никој не може да помине

ОВА ГО ИМА САМО ВО ЧАИР: Две возила блокирале улица, никој не може да помине

ЌЕ ИЗГОРИМЕ: Доаѓа пеколно жешко време, еве што велат од УХМР

ЌЕ ИЗГОРИМЕ: Доаѓа пеколно жешко време, еве што велат од УХМР

ДАЛИ ИМАЛО ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ НА ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ВО СТРУМИЦА? Детето било на мост, непознати лица го кренале во раце, полицијата работи на расветлување на случајот

ДАЛИ ИМАЛО ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ НА ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ВО СТРУМИЦА? Детето било на мост, непознати лица го кренале во раце, полицијата работи на расветлување на случајот