05 Декември, 2025
0.0286

СЛУЧАЈ “АКТОР“: Трансакциите над 15 000 евра мора да бидат под посебна присмотра!

Објавено во: Анализа 11 Март, 2014 09:14

Добивај вести на Viber

Секоја трансакција со вредност поголема од 15 илјади евра мора да биде пријавена во Управата за финансиско разузнавање. Законската регулатива во земјава, која се смета дека е усогласена со европската, има јасни одредби кои обврзуваат дека банкарските транскации што се повисоки од 15 000 евра во денарска противвредност мора да бидат регистрирани од банкарите и пријавени во Управата. Според експертската јавност, во случајот со проектот за автопатот “Демир Капија – Смоквица“, доколку наодите се точни,  има неколку дилеми поврзани со извлекување на парите. Што предвидуваат законите и на што предупредуваат експертите? Едно лице во три наврати подигнало 115 илјади евра, осум лица со исто презиме подигнале 282 илјади евра. Овие исплати на суми, кои поединечно се повисоки од 20 илјади евра, според експертската јавност отвораат повеќе дилеми со оглед на тоа што законската регулатива во Македонија јасно ги дефинира правилата по кои можат да се извлекуваат и вложуваат пари на банкарски сметки. “Според законските решенија, едно лице може да подигне повеќе од 10 илјади евра во кеш од сопствена сметка. Спорното е во случајов што станува зборува за поголема сума на пари, за што се исплаќале парите, по кој основ. Без разлика на основот на исплатите, трансакциите над 15 илјади евра би требало да бидат пријавени во Управата за финансико разузнавање. Сметам дека мора под итно да се превземат оперативно-технички дејства за да се утврдат деталите за да се утврди основот или станува збор за фиктивни договори “ – вели за “Фактор“ Миодраг Лабовиќ, еден од поранешните директори на Финансиската полиција. Клиент кој врши трансакција на пари во вредност поголема од 15 илјади евра во денарска противредност е подложен на анализа – пишува во  Законот за спречување на перење на пари. Еве што предвидува Член 8 од Законот: “Субјектите се должни да спроведуваат процедура на анализа на клиентот во следниве случаи: а) кога се воспоставува деловен однос; б)кога се извршуваат една или неколку поврзани трансакции во износ од 15.000 евра во денарска противвредност или повеќе; в)кога постои сомневање за перење пари или финансирање на тероризам, без оглед на каков било исклучок или износ на средства и г)кога постои сомневање за вистинитоста или адекватноста на претходно добиените податоци за идентитетот на клиентот.“ Познавачите велат дека доколку се применува овој закон, надлежните инститиуции би требало да располагаат со целосни информации за клиентот: негова идентификација, идентификација на крајниот споственик, неговата сопственичка и управувачка структура. Законот предвидува дека кога постојат основи на сомневање дека трансакцијата, клиентот или крајниот сопственик се поврзани со перење пари треба, доколку е можно, да побара информации за текот на трансакцијата, нејзината цел, крајната дестинација на парите и за сите учесници во трансакцијата. Под контрола се ставаат: готовинска трансакција во износ од 15.000 евра во денарска противвредност или повеќе и во случај на неколку поврзани готовински трансакции во износ од 15.000 евра во денарска противвредност или повеќе. Законската регулатива во земјава предвидува контрола за секоја трансакција повисока од 1000 евра, односно финасиските институции мора да обезбедат соодветни податоци. Ќе има ли реакција од надлежните? Експертите немаат дилема дека во случај на подигнување на суми на пари повисоки од дозволените лимити, мора да реагираат надлежните.
“Според постоечката законска регулатива, секое извлекување на пари над дозоволените лимити, една банка мора да го пријави во Управата  за финансиско разузнавање. Банката не може да спречи ваков процес, но е надлежна да го пријави ваквиот случај, во спротивно би направила прекршок. Ако имало повлекување на суми од 50 или 90 илјади евра, тогаш случајот мора да заврши во Управата. Според посточеките закони, истите правила важат не само за повлекување туку и за вложување на пари“ - објаснуваат експерти од банкарството.
Управата за финасиско разузнавање, од каде засега има само молк, е една од клучните надлежни институции за случаите во кои има сомнеж за можни незаконски дејства. Така, според законската регулатива, Управата за финасиско разузнавање ги има следниве надлежности: -Анализа на клиентите -Следење на одредени трансакции -Собирање, чување и доставување на податоци Законот за спречување на перење на пари предвидува парични казни за оние кои нема да ги почитуваат законските решенија. Опозиционерите од СДСМ обвинија дека физички лица од Грција, од сметката на фирмата “Актор“ која е главен изведувач на патната делница “Демир Капија – Смоквица“ во кеш извлекле 3,5 милиони евра. Опозиционерите обвинија дека Агенцијата за псречување на перење на пари отворила случај, но прашаа по чиј налог постапката била стопирана. Министерот за финансии Зоран Ставрески ги повика опозиционерите доказите да ги достават до Јавното обвинителство. А.Д.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени