Случај АКТОР: Загрозена ли е изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица?
Објавено во: Анализа 15 Март, 2014 09:54
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески уверува дека проектот во овој момет се реализира според предвидената динамика. - Во моментов нема застој на градежните работи на делницата.
Ситуацијата се следи, релевантните органи постапуваат, изјави министерот Јанакиески.
Актор: се е согласно законите
Иако од претставништвото на грчката компанија Актор во земјава, претходните денови не сакаа да коментираат со образложение дека директорот ќе биде на пат цел месец, вчера се огласи централата на Актор. Од таму тврдат дека сите активности и финансиските трансакции поврзани со изградбата на делницата како дел од Паневропскиот коридор 10, се одвиваат согласно меѓународните и локалните закони и регулативи.
- Ова значи дека секоја трансакција, вклучувајќи ги платите и надоместоците на вработените луѓе од Грција се покриени со договори и фактури, сите даноци се пресметани и платени и конечно сите плаќања се извршени преку банкарскиот систем согласно Законот, се наведува во соопштението. Компанијата како неосновани и неоправдани ги оценува сите објави во јавноста во врска со проектот, се наведува во соопштението од грчката фирма Актор.
Зврлевски отвори истрага
Но соопштението дојде откако претходниот ден Јавното обвинителство доби предмет од Управата за финансиско разузнавање, и ги блокираше сметките и имотот на две трговски друштва поврзани со случајот Актор. Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, изјави дека во интерес на истрагата засега нема да се откриваат имињата на компаниите,ниту дали се работи за домашни или странски фирми.
- Од Управата за финансиско разузнавање добивме извештај за сомнителни трансакции. По тој извештај, се поднесе предлог до надлежниот суд за блокирање на сметките и имотот на одредени трговски друштва, се изрече времена забрана.Јавното обвинителство веќе постапува како на согледувањето на кривичниот правен настан, од аспект на трговските друштва и од аспект на лицата кои се вклучени. По тој основ, Јавното обвинителство покрена преткривична постапка за овој предмет, изјави државниот јавен обвинтел, Марко Зврлевски.
Дел од европските финансиери се вклучија во истрагата Изградбата на делницата Демир Капија –Смоквица се проценува на околу 270 милиони евра. Автопатот се гради со пари од Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и со пари од ИПА претпристапните фондови на Европската Унија.Пред неколку дена кога опозициската СДСМ ја обеледоени аферата Актор, од ЕБОР кратко одговорија дека не сакаат да коментират за случајот. Од претставништвото на Европската унија во земјава, изјавија дека прашањето за движењето на парите во државата е прашање што ги засега националните власти.
ЕИБ: нулта толеранција за корупција
Но Европската инвестициска банка одлучи да се вклучи во истрагата. На прашањето од Фактор, како ЕИБ ќе постапи по случајот откако обвинителството покрена преткривична постапка, од таму ни одговорија:
- Можам да ви кажам дека сите наводи за измама и корупција во врска со овој проект поддржан од ЕИБ се пријавени во Генералниот инспекторат на ЕИБ, кој ќе ги разгледа наводите во согласност со Законот за спречување на измама и политиката на ЕИБ (нулта толеранција кон измама и корупција) и во согласност со Истражни процедури и постапки. Наводите во врска со овој проект беа пријавени на Генералниот инспекторат на ЕИБ, во писмена изјава ни соопшти Марко Сантарели, висок прес-офицер во ЕИБ, задолжен за Западен Балкан.
Какви документи изнесе СДСМ?
Во Македонија истрагата била почната во ноември лани На почетокот на минатата недела кога опозициската СДСМ изнесе документи за незаконски трансакции поврзани со парите за делницата Демир Капија Смоквица, од Агенцијата за финансико разузнавање неколку дена имаше молк. Од ВМРО ДПМНЕ излегоа со став дека проектот се реализира законски, и дека за динамиката и финансиите за проектот имаат и месечни состаноци со европските финансиери. Кон крајот на неделава,
Управата излезе со соопштение дека за случајот била отворена постапка уште во ноемри минатата година, но не откривале во интерес на истрагата.
- Управата на 11 ноември 2013 година има отворено предмет за испитување на случајот и утврдување на сите факти, како и евентуално утврдување постоење на одговорност. Во целиот овој изминат период се вршат проверки и соодветни дејствија за обезбедување факти, докази и аргументи кои се од битно значење за понатамошното одвивање на целата постапка, која сѐ уште трае, а за чиј епилог јавноста ќе биде соодветно информирана, посочија од Управата за финансиско разузнавање. Управата за финансиско разузнавање во писменото соопштение посочи дека СДСМ со пласирање на информации може да ја загрозат целата постапка на истрага.
Според власта СДСМ може да наштети на истрагата, но и да помогне?!
Државниот јавен обвинител Зврлевски, пак изјави дека пласираните информации во јавноста можат да наштетат, но може и да помогнат во истрагата.
- Секое изнесување на некакви околности поврзани со одредени кривично-правни настани може и да нашетат и да користат во истрагата, изјави Зврлевски.
СДСМ го постави прашањето дали освен Управата за финансиско разузнавање за случајот Актор биле запознати и другите институции кои се надлежни за оваа проблематика, и тоа Народната банка на Македонија, Финансиската полиција, Државниот девизен инспекторат и секторот за организиран криминал во Министерството за внатрешни работи.
3,5 милиони евра извлечени од фирмата?!
Според сознанијата на СДСМ, грчки државјани подигнувале стотици илјади евра во готово од сметката на подружницата на Актор во земјава. Според документите до кои дошле на СДСМ, едно лице државјанин на Грција за само три месец извлекло 250.000 евра во кеш. Според трансакциите други 9 лица со исто презиме Константинос подигнале 313.000 евра, а 8 лица со исто презиме Димитриос подигнале 282.000 евра. Првите повлекување биле во мај, потоа јуни и јули минатата година.
На овој начин според СДСМ, биле извлечени 3,5 милиони евра во кеш, од парите наменети за изградба на делницата. Опозиционерите тврдат дека банкарските офицери на филијалата на Стопанска банка во Неготино каде што се вршеле трансакциите ја известиле УФР, која почнала истрага, но ја прекинала по нечиј налог. Томму ваквите исплати според експертите создаваат сомнеж за тоа како се менаџира со парите за проектот, особено што се работи за странски финансиери.
- Спорното во случајов е што станува збор за поголема сума на пари, за што се исплаќале парите, по кој основ? Без разлика на основот на исплатите, трансакциите над 15 илјади евра би требало да бидат пријавени во Управата за финансиско разузнавање вели за Фактор еден од поранешните директори на Финансиската полиција, Миодраг Лабовиќ.
Според него мора итно да се превземат оперативно-технички дејства за да се утврдат деталите и да се види дали станува збор за фиктивни договори.
Законот за спречување на перење пари има јасни одредби кои обврзуваат дека банкарските транскации што се повисоки од 15 000 евра во денарска против вредност мора да бидат регистрирани од банкарите и пријавени во Управата за финансиско разузнавање. Експертите укажуваат дека случајот мора да се реши, за да се отсранат сите сомнежи за незаконски трансакции.
Ј.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





