05 Декември, 2025
0.0448

Случај „Бачило“: Ќе се продава имотот на Џемаили, вреди над 1 милион евра

Објавено во: Економија 28 Декември, 2012 11:51

Добивај вести на Viber

Десет станови во Скопје, и деловен простор кој беше сопственост на овчарот, Иснифарис Џемаили, кој стана познат по случајот Бачило се конфискувани и ќе се продаваат. „Врз основа на судската пресуда, Агенцијата за управување со конфискуван имот ќе конфискува станбен простор во кој се содржат 10 стана, сите лоцирани во една нова зграда во Скопје со вкупна површина од 910 метри квадратни, како и деловен простор со површина од 62 метри квадратни исто така во Скопје. Апроксимативно пресметаната вредност на вкупниот имот кој ќе биде конфискуван е над 1 милион евра“, појасни портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев. Тој информираше дека претходно Џемаили 7 години со вешти правни процедури, не дозволил да му се конфискува огромен дел од имотот кој го стекнал на нелегален начин. Имено, по правосилната судска пресуда според која тој ја има оштетено државата за 44 милиони денари, Џемаили целиот свој имот го ставил под хипотеки кај други лица преку потпишување на фиктивни договори за заем, со цел да не може да му биде одземен. Сепак, појаснува Ѓорѓиев, Државното правобранителство успеало да докаже дека Џемаили го попречувал правото и со нелегални активности се обидел да ја изигра правдата, по што се создала можност државата да го конфискува неговиот имот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?