19 Декември, 2025
0.0580

СЛУЧАЈ МАКПЕТРОЛ: Рокот на КХВ тече-што ако се одобри преземањето?

Објавено во: Економија 18 Јули, 2016 15:11

Добивај вести на Viber

Деновиве многумина си го поставија прашањето дали  Комисијата за хартии од вредност ќе ја одобри  објавата на понуда за превземање и ќе дозволи да влезе сомнителен странски капитал во домашната економија.

Рокот за прашањето дали КХВ ќе даде согласност офшор компанијата „Балкан Петролеум“ за акциите на Макпетрол, истекува утре.

Имено, Комисијата за хартии од вредност денес донела одлука да побара од компанијата „Балкан петролеум“, понудувачот за купување на Макпетрол, да достави дополнителна документација, пред КХВ да донесе конечна одлука дали ќе дозволи преземање на најголемата македонска нафтена компанија.

Според законските прописи, Комисијата за хартии од вредност треба да одлучи дали ќе издаде дозвола за превземање во рок од десет дена од доставување на комплетна документација.

Тоа практично значи дека доколку по доставувањето на документацијата недостасува некој документ, КХВ  ќе побара истиот да биде доставен, и откако ќе го добие повторно ќе има рок од десет дена да одлучи. Но постапката не завршува тука. Ако, повторно недостасува документ, следува истата постапка, КХВ повторно ќе побара да биде доставен, и откако ќе го добие, повторно има рок од десет дена да одлучува.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/07/11/makpetrol-vs-balkan-petroleum-vojna-vo-koja-e-zhrtvuvana-vistinata/" target="blank" ]МАКПЕТРОЛ VS БАЛКАН ПЕТРОЛЕУМ: Војна во која е жртвувана вистината![/button]

Ваквата постапка, може да трае се до целосно комплетирање на документацијата. Затоа од Комисијата за хартии од вредност велат дека не можат да кажат кога точно би ја донеле одлуката.

Синдикатот бара заштита на работниците

Во меѓувреме, Комисијата за хартии од вредност е под постојан притисок од  страна на засегнатите страни, и речиси секојдневно во јавноста се пласираат анализи на експерти и вработени во Макпетрол, кои бараат Комисијата да го испита кој стои зад намерата за превземање.

Токму во таа насока, излезе писмен допис од синдикатот во Макпетрол, кој на КХВ и препорачува при одлучувањето дали ќе даде дозвола за понуда за превземање, да провери кое лице стои зад преземањето. Истиот синдикат, наведува дека очекува од КХВ да донесе одлука со која, ќе бидат заштитени работничките права.

„Во спротивно ќе бидеме принудени да пристапиме кон други мерки за заштита на работничките права“, се вели во барањето на синдикатот на Макпетрол.

Тивко незадоволство меѓу акционерите

Но, дел од акционерите кои се и вработени во Макпетрол, се револтирани од досегашниот начин на кој се менаџира компанијата. Не сакаат да зборуваат јавно затоа што стравуваат дека во оваа војна меѓу актуелниот менаџмент, и потенцијалниот купувач на компанијата – секоја нивна изјава може да им предизвика проблем на работното место.

„Како е можно и помали бензински станици да прават профити, а Макпетрол, која е најголема нафтена компанија да работи со загуба или пак со добивката да покрива загуби од претходно. Си делат дивиденди за нив, a за нас останатите акционери нема ништо,“ велат неколкумина од вработените во Макпетрол кои истовремено се и акционери.

Изминатите недели се засилуваат препукувањата меѓу актуелниот менаџмент на Макпетрол, и потенцијалниот инвеститор. Од една страна, менаџментот на Макпетрол тврди дека станува збор за сомнителени лица кои сакаат да ја превземат компанијата, а од друга страна еден од сопствениците на Балкан Петролеум во интервју посочи дека станува збор за јавна и транспарентна понуда, и дека не станува збор за сомнителен бизнис затоа што поддршка имаат и од една од најдобрите банки во Европа УБС.

Извори од НБРМ за Фактор објаснуваат дека така како што сега стојат работите не очекуваат дека банката ќе се вклучи во некаква истрага во овој случај. Тоа е евентуално можно само ако при трансакциите се утврди сомнително потекло на парите.

Што може да се случи ако КХВ одобри објава на понуда за превземање?

АКо КХВ деновиве позитивно одговори на барањето на „оф-шорците“ тогаш ќе видиме колку акционери ќе реагираат и ќе продадат на понудената цена. Со оглед на тоа колку акции досега се истргувани откако беше официјално објавено дека компанијата сака да превземе не треба да се очекува нешто сензанционално. Затоа што многумина уште ги паметат цените за акција од 2 до 3 илјади евра за акција.

Но законот дозволува понудувачот во одреден рок да ја менува понудената цена. А ќе видиме колку на „Андреја и компанија“ им дошло до „Макпетрол“ и дали се подготвени да дадат и тие понуда за откуп на акции. Ова сценарио би било во интерес на малите и напатени акционери… Но дали ќе биде така ќе видиме, вака малку делува утописки!

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар