18 Декември, 2025
0.1793

СЛУЧАЈ МАКПЕТРОЛ: Вработени акционери се мислат дали да ја прифатат понудата на Кипарците

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2016 08:43

Добивај вести на Viber

Кој стои зад наводната кипарска фирма што сака да го купи „Макпетрол“. Ова засега останува тајна. Сепак тоа не им пречи на вработените акционери сериозно да размислуваат за продажба на нивните акции. Според дел од нив, кои сакаат да останат анонимни, се прави пакет акции кој би му бил понуден на јавна продажба, по цена од 25 908 денари. Вработените акционери се запознаени со понудата и кај повеќето постои дилема, дали да се продаде? Дали е вистинско време? Што ќе правам со работното место? Дали продажбата на акциите, ќе се случи? Цената не е само симболична. По долг пост на берзата, станува збор за прилично фина сума, која не е за потценување. Тоа ја раздвижи подзаспаната берза. Собранието на акционери на „Макпетрол“ е закажано за сабота, 11 јуни, со почеток во 12 часот Инаку, Управниот одбор на Макпетрол, го разгледал дописот од „Балкан Петролеум Лимитед“ и одлучил дека по него не може да се постапува. „Не е доставено полномошно за поднесителот и потребната документација за идентификација на лицето кое има намера за преземање согласно Законот за преземање на акционерските друштва. „Макпетрол“ за „намерата за праземање“ првпат доби сознание со добивањето на дописот и никогаш немал контакти со лицето кое, со некомлетна документација, има пројавено ,,намера за преземање’’, се вели во соопштението на „Макпетрол“. Макпетрол е наголемата нафтена дистрибутивна компанија во земјава, очигледно дека понудата за преземање не е случајна туку има и некоја друга цел. Од мноштвото информации, останува јасно дека акционерите немаат доволно детали, а дека Кипарците продолжуваат да работат на терен, што говори дека нема лесно да се откажат од целата работа. Повеќе информации очекуваме наскоро    

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа