„СЛУЧАЈ РЕКЕТ“: Сопругата на Камчев ќе сведочи за парите дадени на Катица во кутија за чевли
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2019
Како сведок во процесот „Рекет“ кој се води против екс шефицата на СЈО Катица Јанева и Бојан Јовановски денеска во суд треба да дојде сопругата на бизнисменот - жртва во случајот Орце Камчев.
Камчева која во петок не дојде поради здравствени причини денеска пред судот но и јавноста ќе треба да раскаже како на Јанева и носела 350 000 евра спакувани во кутија за чевли.
Според сведочењата на Камчев случајот односно „Рекет“ почнал така што неговата сопруга била повикана во стан за специјални клиенти на средба со адвокатот Димшков, каде што добила понуда да плати од 2 до 8 милиони евра ако не сака против нејзиниот сопруг да бидат отврени уште три-четири предмети во СЈО.
Наводно, Камчева од средбата заминала расплакана.
По петочното неколку часовно сведочење на Камчев, се очекува и на денешното рочиште да бидат изнесени интересни детали