19 Декември, 2025
0.0210

СЛУЧАЈ ВЕРУШЕВСКИ: Судењето презакажано за 4 јуни

Објавено во: 14 Мај, 2015 12:07

Добивај вести на Viber

Зоран Верушевски денес требаше да седне на обвинителната клупа во Основниот суд Скопје 1 .

Но, судењето е одложено и истото презакажано за 4 јуни, поради, како што пренесуваат медиумите отсуство на адвокатите.

Денес требаше да му се суди за за недозволено држење оружје и распрскувачки материјали.

За овој случај Обвинението , Основниот суд  Скопје 1 го прими кон крајот на март, а според тогашните информации, при претресот во домот на Верушевски биле најдени два пиштоли, за кои од МВР тврдат дека немал довзвола.

Според адвокатот на обвинетито, едниот пиштол Верушевски го добил во 1983 година, додека вршел службена должност и е регистриран во евиденцијата на МВР и за него не е потребно да се има дозвола, додека вториот го добил како награда во 1997 година, од тогашниот министер за внатрешни работи Томислав Чокревски.

Да се потсетиме ...

Зоран Верушевски, екс-директорот на ДБК во времето на СДСМ со лисици на рацете и полициска придружба беше изнесен пред истражен судија и јавен обвинител во Скопје во јануари, со што му беше одреден притвор од 30 дена. Во февруари повоторно му беше одреден притвор од исто толку , а го товарат за  за кривични дела шпионажа и насилство кон носителите на највисоките државни функции. Зоран Верушевски, екс директорот на ДБК го носи товарот на контраверзна личност барем таква е перцепцијата на јавноста, иако за добар дел од стручњаците тој е врвен професионалец кој солидно ја владее материјата безбедност и разузнавање. Зошто е уапсен Верушевски? Има ли политичка позадина во неговото апсење? Кој е Зоран Верушевски Верушевски потекнува од Струга. Тој е доктор на науки. Докторира во 1992 година на Факултетот за безбедност во Скопје, на тема „Терористичките акти на емиграцијата во југословенско – германските екстрадициони односи до почетокот на деведесетите години. Во биографијата на Верушевски стои и ангажманот, декан на ФОН Универзитетот на Факултетот за детективи и безбедност. Кадар на СДСМ, сенка на Црвенковски Секогаш кога станува збор за раководни структури во МВР од редовите на СДСМ, се наметнува името на Зоран Верушевски. Кога социјалдемократите доживеаја пораз на изборите во 1998 година, заедно со нив во “опозиција” замина и овој професионалец. Следните четири години до 2002 е во длабока политичка сенка, се до септемвриската победа на СДСМ, тогаш на чело соБранко Црвенковски. Дамки врз неговото професионално портфолио Верушевски своевремено го напушти МВР кревајќи прав со еден доделен стан, кој наводно, бесправно го откупил, за веднаш потоа да го издава, бидејќи добил и друг – генералски. Верушевски тогаш ја фрапираше јавноста и со неговите малверзации околу сопственоста на двата државни стана. Медиумите тогаш пишуваа дека тој во почетокот се обидел да го релативизира скандалот, велејќи дека тој не е виновен што друг му ги доделил становите и дека нема правен механизам како да го врати станот. Подоцна се коригираше и најави дека ќе го врати едниот стан, и тоа помалиот. Имено, тогаш Зоран Верушевски, користејќи ја службената положба и хиерархиската надреденост, преку тогашната помошничка на министерот за правни и кадровски прашања барал и издејствувал решението за станот да се антидатира, при што во деловната книга било запишано како решението да било донесено во 1997 година. Со тоа тој се здобил со можност да го откупи станот. Јавноста тогап почна да притиска врз премиерот Бранко Црвенковски и министерот за внатрешни работи Хари Костов, веднаш откако Зоран Верушевски, беше назначен за директор на УБК. Аферата прислушување од 2001 година Поставувањето на Зоран Верушески за старо – нов директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање во 2002 година морало да се случи бидејќи за обелоденувањето на аферата “Прислушување” голем дел од работата завршил токму Верушески, пишуваа тогаш медиумите повикувајќи се на високи владини извори. Според тие извори, токму Верушевски бил главниот крт кој успеал да ги земе материјалите со прислушкуваните разговори, што Црвенковски ги обелодени во јавноста. Началникот на управата за прислушкување бил човек на Верушевски кој му го дал целиот материјал со прислушуваните разговори на политичари, новинари и други јавни личности, пишуваа тогаш медиумите. Затоа, Црвенковски не можел никако да го одбегне Верушески во кадровските комбинаторики. Коалицијата “Македонија без корупција” тогаш го обвинуваше дека на функцијата директор на ДБК доаѓа со еден куп валкан веш – два државни стана добиени со лажна изјава и земање на 24 плати или околу 10 илјади евра при напуштањето на асистенското место на Факултетот за безбедност. Неговото враќање во МВР се косело со тогашниот  Закон за работни односи со кој беше прецизирано дека лицето кое напуштило работно место со 24 плати, во наредните две години не смее да се вработи во истата дејност, во случајов во државни и јавни установи. „Среќен сум што борбата против корупцијата ја почнавте токму од мене. Но вашето интресирање за мене траеше само два три дена. Овојпат се надевам дека истрагата ќе трае подолго” вака на новинарите им се обрати тогаш новоназначениот директор на Дирекцијата за државна безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски. Советник за безбедност во амбасадата во Рим Разузнувачот Зоран Верушевски во 2006 година официјално беше именуван за советник во македонската амбасада во Рим. Верушевски во амбасадата беше упатен како “советник одговорен за безбедносни прашања”. Верушевски за Рим замина како предлог и избор на тогашниот директор на Агенцијата Лазе Китановски. Во описот на работното место на Верушевски, како што велеа тогаш од МНР беа грижата за безбедноста во амбасадата, соработката со безбедносните служби на земјата во која е на работа, и координација со нив околу современите закани по безбедноста – како што се тероризмот, трговијата со дрога, бело робје, оружје за масовно уништување, тврдеа од тогашното МНР. Инцидентите на Верушевски помладиот го рушеа реномето на разузнавачот Дамка во неговата кариера беа и многуте скандали поврзани со неговиот син Александар Верушевски. Тој беше во фокусот на јавноста заради проблемите што ги имаше со законот во Македонија. Младиот Верушевски беше осудуван со затвор за обид за изнуда во едно струшко кафуле, а меѓу кривичните дела му се запишани и обид за убиство, газење човек со автомобил (службено возило на МВР) и носење пиштол. Постариот Верушевски постојано повторуваше дека син му го местат и ги оспоруваше судските одлуки како неосновани. Има ли политичка позадина во апсењето на Верушевски? Дел од аналитичарите во земјава со апсењето на Зоран Верушевски препознаа политички мотиви, особено што Верушевски важеше за близок човек на поранешниот премиер и претседател на државата Бранко Црвенковски. Тој како шеф на државата во 2007 година го помилува синот на Верушевски, Александар од здравствени причини. Александар Верушески не смее да биде привилегиран затоа што е син на Зоран Верушески. Меѓутоа, тој не треба да биде дискриминиран заради тоа што е негов син, изјави тогаш Црвенковски. Јавноста веќе шпекулира дека апсењето на Верушевски е практично порака до Црвенковски да се вклучи активно во политиката со цел да го поремети делувањето на раководството на СДСМ, особено после најавите на актуелниот лидерЗоран Заев за т.н бобми со компромитирачки материјали  за актуелниот државен врв. Врвен професионалец За добар дел од стручњаците Верушевски е врвен професионалец кој солидно ја владее материјата безбедност и разузнавање. За дел од познавачите сепак Верушевски е човек со високи морални вредности, кој е во постојана борба за правда и владеење на правото.