Смартфони за државните службеници на Хрватска
Објавено во: Балкан 09 Мај, 2013 10:28
Државната администрација во Хрватска предвиде да потроши 40 милиони куни (5,28 милиони евра) за купување на 10.000 мобилни телефони за државните службеници, соопшти хрватскиот неделник „Глобус“.
Неделникот посочува дека со овие пари може да се изгради нова детска градинка или пак два пати да се покријат загубите на општина Сплит.
Купувањата, што деновиве беа објавени на сајтот за јавни набавки, се однесуваат на 10.000 мобилни телефони, заедно со 2.200 нови СИМ-картички и мобилни услуги во вкупна вредност од 40 милиони куни и истите ќе бидат реализирани во период од две години.
Телефоните се наменети за службениците во канцелариите на претседателот на парламентот, претседателството, кабинетот на премиерот, сите министерства, државни агенции и служби.
Хрватските државни чиновници побарале три видови мобилни телефони: обични апарати со стандарсни функции, апарати со дополнителни функции и популарните смартфони. Од вкупно 10.000 телефони 6.250 ќе бидат смартфони, а останатите обични телефони за пониските службеници.
Интересни се и барањата за видовите услуги, што државните службеници сакаат да ги добијат: пакети со роаминг услуги за 235.000 СМС во следните две години и 15.000 мегабајти пренос на податоци во роаминг, посочува „Глобус“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





