Смее ли со акциите на Оилко да се тргува на Берза?!
Објавено во: Економија, Финансии 17 Ноември, 2012 08:55
“Со командитното друштво управуваат комплементарите. Командиторите немаат право да управуваат со друштвото. Командиторот учествува во покривање на загубите на командитното друштво до висината на запишаниот влог, ако поинаку не е определено во договорот за друштвото. Командиторот не е должен да ја врати примената добивка поради подоцнежна загуба на командитното друштво“, пишува во Законот за трговски друштва.
Аналитичарите пак, објаснуваат дека командитното друштво со акции е друштво од еден или повеќе акционери кои можат да бидат командитори и комплементари, а нивната цел е стекнување профит. Членови на вакво друштво можат да бидат и фирми и поединци, со тоа што физичките лица можат да бидат само комплементари.
Според податоците објавени од Комисијата за хартии од вредност, комплементари во Оилко се генералниот директор на Макпетрол, Андреја Јосифовски, и Саша Лекиќ. За да се биде член во едно командитно друштво не е потребна согласност од командиторите.
ФАКТИ ЗА ОИЛКО:
- 663.124 евра дивиденда подели Оилко во јуни минатата година
- 250.300 евра е основачкиот капитал на Оилко во јануари 2007 година
- 21 менаџер на Макпетрол ја формираа Оилко
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации





