05 Декември, 2025
0.0628

Сметката на Железница експресно деблокирана!

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2013 18:40

Добивај вести на Viber

Министерот Миле Јанакиески на денешната средба во Министерството ги извести железничарите дека сметката на МЖ инфраструктура веднаш ќе биде деблокирана. Тоа значи дека нема да се дозволи да не се исплатат платите, ниту пак посериозен застој во сообраќајот. Сепак, не се објаснува како за само неколку часа сметката на железница е деблокирана, откако претходно Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор ја блокираше поради камата за ненавремено плаќање на долг од 2011 година, во вредност од околу два милиони денари. Од Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај велеа дека само постапуваат по закон. Претходно првиот човек на МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани, рече дека блокирањето на сметката е неосновано. - Ние со агенцијата се договоривме парите за  тековно одржување да ги плаќање сукцесивно.  За жал добивме едно извршено решение кое е нерелано затоа што се работи за некој измислен долг за некои камати за ненавремено плаќање на долг од 2011 година. Но ние  не можеме да прифатиме таков начин на присилно земање на пари, бидејќи не се работи за долг оти ние плаќаме постепено. Агенцијата треба да ги регулира и да овозможува исти права за сите оператори кои користат услуги на инфраструктура, но  во Македонија со промените на Законот за железнички систем, немаме либерализација на пазарот, односно  има само еден оператор, и оттука произлегува дека сега улогата на агенцијата е неважна, изјави Асани Синдикатот на Железничарите, пак објавија дека железничкиот сообраќај е под закана од целосен прекин доколку итно не се деблокира сметката на МЖ Инфраструктура. Во прашање беше доведена исплатата на платите и сините картони за вработените како и сите останати плаќања на фирмата. На средбата со Јанакиески е одлучено утре да продолжат разговорите, за да се надминат тековните проблеми, кои настанаа како резултат на денешната блокада, но и за останатите состојби во фирмата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?