Смртта на Бата Живојиновиќ ударна вест во екс Југославија
Објавено во: Балкан 23 Мај, 2016
Веста за смртта на големиот српски глумец Бата Живојиновиќ денеска е ударна информација на Балканот.
Медиумите во Хрватска, БиХ, Србија известија за заминувањето на глумската легенда која вчера почина во 83 година од животот.
„После долга борба со болста и ампутацијата на ногата, еден од најуспешните глумци во историјата на поранешна Југославија, не успеа да се избори со оваа битка“.
Легендарниот глумец Велимир Бата Живојиновиќ починал синоќа во 22.45 ч во болницата Свети Сава во Белград.
„Умрел синоќа околу 23 часот во сон после здружена група на болести кои ги имал-шеќер,анемија, бубрежни инсуфинциенции, срцева болест со компликации, практично сите крвни садови“, рекол извор од болницата.
„Откако раната на ампутираната нога почна да зараснувам тој од Дедиња е префрлен кон нас. Повремено се будел, но бил многу лошо. Бил на трансфузии и на сериозни антибиотици поради евентуални инфекции на раната. Причини за смртта се гангрена, срцева болест и основна болест дијабетес“, рекол соговорникот.
Телото на Бата и понатаму е во болнички комори и сега е неопходно со семејството да се заврши целата докумнетација и да се преземе.
Погребот ќе се одржи в четврток.