СНЕГ ОД ЕДЕН МЕТАР И ПАДНАТИ ДРВЈА НА ПАТОТ КОН СЕЛОТО МИХАЈЛОВО - Јанчев: На терен сме до целосно расчистување
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2024
Се уште се расчистува паток кој води кон селото Михајлово, но градоначалникот Митко Јанчев вели дека службите ќе работат на терен се до целосно расчистување.
„Зимската служба на ЈП Комуналец и ТППЕ Кавадарци работат на расчистување на патот кон Михајлово од паднати дрвја и наноси снег во висина од 1 метар. Ќе се интервенира на терен до целосно расчистување“, напиша Јанчев на Фејсбук.