Снегот доаѓа, ќе може ли да се скија на Водно веќе оваа зима?
Објавено во: Македонија, Стил 02 Декември, 2012 07:30
Првиот снег е на прагот, со што е исполнет и еден од главните предуслови за изградба на ски- патеката на планината Водно. Иако на почетокот на откомври годинава, со изработката на урбанистичкиот план од страна на општина Карпош, за делот каде што ќе се простира патеката, работите како да мрднаа од мртва точка. Но, месец и половина подоцна, сега повторно молк. За нацрт планот за Деталниот урбанистички план за воннаселено место Водно, имаше и јавна анкета на која граѓаните трабаше да се изјаснат, но како што велат од Карпош, до 22 октомври до кога траеше анкетата никој не се јавил. За да почне реализацијата на ски-патеката треба да се донесе ДУП-от. Сега изработениот нацрт план се наоѓа на мислење во Министерството за транспорт и врски, па дури откако, од таму ќе се изјаснат, повторно се враќа на гласање во општината Карпош. Засега не е познато, кога планот ќе добие зелено светло од транспорт ниту пак на која седница на Карпош ќе биде поставен на дневен ред за гласање. Од општината уверуваат дека веднаш штом добијат мислење од министерството ќе го стават на гласање. Од Градот Скопје не откриваат детали, единствено велат дека услов за почнување на постапките околу ски-патеките на Водно е измената на планот во Општина Карпош. Постапката е во тек и штом добиеме известување за измените ќе се пристапи кон реализација на овој проект, објаснуваат од Градот. Откако општината ќе го изгласа планот, тогаш Градот Скопје ќе распише тендер за избор на концесионер, за што се подготвува тендерската документација.
Но, како што сега стојат работите, за првиот снег сигурно, а се поверојатно и оваа зимска сезона, љубителите на скијачките спортови, нема да можат апетитите да си ги задоволат на патеките на Водно.
Идејата се најави уште во 2009 година
Градот помпезно ја најави изградбата на ски-центарот уште во 2009 година.Но дури лани интензивно се бараа консултантски куќи, што ќе ја изработат студијата за овој проект. По неколку неуспешни тендери за избор на консултанти, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, одлучи да ја скрати процедурата и во март минатата година склучи договор во четири очи со австриската проектантска куќа „Суфаг спорт“, која ја задолжи да изработи проект и да најде заинтересирани инвеститори, за што од градската каса се издвоија околу 165.000 евра. Се изработи и студијата за оправданоста на проектот и инвестицијата, која се покажа дека постои можност за скијачка патека на Водно. И во буџетот за 2013 година за Град Скопје, предвидени се вкупно близу 114 илјади евра за консултанстки услуги за подземната сообраќајница, трамвајот, реклами, ски-патеката.
За опозицијата проектот е промашена, а за Градот профитабилна инвестиција
Проектот уште при најавата наиде на остри критики од опозициските советници, кои предупредува дека неуспешноста на двата тендери за избор на консултанти е доказ дека се избира фирма блиска до градските власти. Тие и сега цврсто стојат на ставот, дека се работи за уште едно расипничко трошење на градските пари во време на финансиска криза и дека проектот е тотално неиздржан, а инвестицијата ќе биде загубена бидејќи ски-патеката е планирано да се наоѓа на јужните падини на Водно и нема да има доволно снег. На таквите аргументи градоначалникот уште лани најави дека е можно природниот да се замени со вештачки снег.
- Се сомневаме во истрајноста на проектот, пред се поради временските услови, бидејќи патеката е планирана на јужниот дел од Водно. Баравме да се направи и анализа на снежни денови, со цел да се види, дали реално ќе опстои патеката. Или, пак, концесионерот веројатно ќе треба да набавува снежни топови, што претставува дополнителни огромни трошоци - вели Александар Наумовски, советник од СДСМ во Град Скопје
Предвидено е ски-патеката да се протега од врвот на Водно од десната страна на „Милениумскиот крст“, во правец кон Нерези, каде што и пред дваесетина години имало ваква патека за скијање. И покрај критиките, градските власти сметаат дека проектот ќе биде профитабилен бидејќи ќе биде атракција за туристите и во зимскиот и во летниот период од годината.
С.Ј
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





