СНЕГОТ ЈА ЗАТРУПА СЛОВЕНИЈА, ХАОС НА ПАТИШТАТА: Близу Љубљана измерени и над 70 сантиметри
Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2023
Голем дел од
Словенија е под дебела покривка под снег, на некои места дури и 70 сантиметри.
Обилен снег паѓа особено на Корошка и Целје, во северниот дел на Похорје, а на други места врне дожд. Во текот на вечерва, снегот посебно ја зафати североисточна Словенија.
Во Нова Васа на 30 километри јужно од Љубљана паднаа рекордни 72 сантиметри снег. Во Кочевскиот и Рибничкиот регион (северно и североисточно од Горски котар) наврна најмногу снег од 2018 година, јавува 24ur.si.
Сообраќаен хаос-зимското невреме во Словенија предизвика огромни проблеми во сообраќајот.
На крајбрежниот автопат од Љубљана кон Копер е затворена коловозната лента во правец на Копер поради сообраќајна несреќа кај Брезовица. Според полицијата, во несреќата учествувале два камиона, а еден од возачите е тешко повреден. Поради несреќата и снегот на крајбрежниот автопат имаше големи гужви.
На бројни патишта се создаде гужва и метеж. Полицијата напомена дека и утре ќе се бара голема внимателност на патиштата и дека е задолжителна зимска опрема, како и дека возењето треба да се прилагоди на временските услови.
Километарски колони камиони можеа да се забележат на граничниот премин Берган пред словенечката граница, кои исчезнаа при влегувањето во Шенген. Имено, бидејќи во Словенија се прогласени зимски услови, камионџиите на граница ги пречекала словенечката полиција. Со оглед на тоа што има забрана за минување на камиони со приколки и трактори со полуприколки во правец кон Љубљана, камионите застанаа во долга колона од десет километри.