09 Ноември, 2025
0.0413

СНЕМАЛО СТРУЈА, ЅИДОВИТЕ ПОЧНАЛЕ ДА ПАЃААТ: Босанец ја загуби бремената сопруга во поплавата

Објавено во: Балкан 07 Октомври, 2024 20:21

Добивај вести на Viber

И натаму медиумите објавуваат потресни приказни за настраданите во поплавата која деновиве ја зафати Босна и Херцеговина(БиХ). 

Дино Бегиќ ја загуби бремената сопруга.  За босански „Аваз“ раскажа што се случило таа ноќ.

„Татко ми и јас излеговме околу полноќ да го исчистиме просторот за да не ни се поплави куќата, бидејќи нормално се создаваат потоци при силен дожд. Се боревме со поројот час или два, а потоа влеговме во куќата“, раскажува Бегиќ.

Вели дека влегле внатре затоа што дождот малку се смирил, но повторно излегле да продолжат да чистат.

„Во одреден момент слушнав удари од големи камења или што и да беше. Му реков на татко ми да се засолни под големата гаража, жената и ќерката нека останат во куќата мислејќи дека таму ништо нема да им се случи“, вели Бегиќ.

Снемало струја, ѕидовите паѓале, било страшно. 

„Не знам, добро, не ги ни видов кога истрчаа, сепак таа го зеде детето и се обиде да побегне. Дрвото падна врз неа и ја згмечи. Ќерка ми беше спасена, а само Господ знае како“, рече Бегиќ.

Инаку, 28-годишната Ајла била бремена, а во декември требало да добијат уште една ќерка. Нивната 5-годишна ќерка Далал се спаси. 

Девојчето видело како мајката настрадала.  Бегиќ престојуваат кај неговата тетка, која ги чува бидејќи од нивната куќа не останало ништо, како што вели, сè е срамнето.

Во Босна, поплави имаше во неколку општини.  Уште трагаат по исчезнати, а загинаа над 20 луѓе. Поплави пред некој ден имаше во Албанија, Црна Гора и делови од Хрватска. Утре во БиХ е Ден на жалост. 

Во Црна Гора едно село се подели на три дела откако поплава го оштети мостот. 

Можеби ќе ве интересира

„ГО ЧЕКАМ ВУЧИЌ ПРЕД СОБРАНИЕТО“: Мајката што трајкува со глад во Србија, му се обрати на српскиот претседател

„ГО ЧЕКАМ ВУЧИЌ ПРЕД СОБРАНИЕТО“: Мајката што трајкува со глад во Србија, му се обрати на српскиот претседател

Атина сака „вертикален коридор“: Грција сака да стане главна влезна точка за американскиот гас во Југоисточна Европа

Атина сака „вертикален коридор“: Грција сака да стане главна влезна точка за американскиот гас во Југоисточна Европа

(ВИДЕО) „БЕЗ ХРАНА, БЕЗ ВОДА И ЕДЕН ТОАЛЕТ!“ Агонијата на Србите на овој премин, заглавени на средина десет часа: „Полошо е од затвор“

(ВИДЕО) „БЕЗ ХРАНА, БЕЗ ВОДА И ЕДЕН ТОАЛЕТ!“ Агонијата на Србите на овој премин, заглавени на средина десет часа: „Полошо е од затвор“

ТЕНЗИИ ВО ЗАГРЕБ: Околу 50 маскирани лица се собраа пред Српскиот културен центар

ТЕНЗИИ ВО ЗАГРЕБ: Околу 50 маскирани лица се собраа пред Српскиот културен центар

Захарова ги искара Србите, тие ја потсетија дека само Србија не воведе санкции за Русија

Захарова ги искара Србите, тие ја потсетија дека само Србија не воведе санкции за Русија

(ВИДЕО) МАЛОЛЕТНИЦИ УКРАЛЕ АВТОБУС ВО ХРВАТСКА: Потоа го возеле без светла

(ВИДЕО) МАЛОЛЕТНИЦИ УКРАЛЕ АВТОБУС ВО ХРВАТСКА: Потоа го возеле без светла

Обдукцијата покажа од што починале лицата во Домот за стари во Тузла

Обдукцијата покажа од што починале лицата во Домот за стари во Тузла

Вучиќ и Вулин се скараа со Радев околу „српски“ и „бугарски свет“

Вучиќ и Вулин се скараа со Радев околу „српски“ и „бугарски свет“

„ИЗВЕШТАЈОТ Е ВАШЕ ВИДУВАЊЕ, НЕ ОГЛЕДАЛО“: Вучиќ кон евроамбасадорот - „Не се грижете, ми завршува мандатот“

„ИЗВЕШТАЈОТ Е ВАШЕ ВИДУВАЊЕ, НЕ ОГЛЕДАЛО“: Вучиќ кон евроамбасадорот - „Не се грижете, ми завршува мандатот“