Добивај вести на Viber
Во следните 8 месеци, Виа Доо од Вевчани, градежната фирма која треба да ја реконструира Охридската болница, го доби тендерот на Министерството за образование и наука за партерно уредување на студентскиот дом „Стив Наумов“ од Скопје. Според податоците на Бирото за јавни набаваки, Министерството добило две понуди, но поповолна била понудата на Виа Доо.
За внатрешно доуредување на „Стив Наумов“ вевчанската градежна фирма предвидела да потроши речиси 253.000 евра. Другата градежна компанија пак, за истите градежни зафати побарала речиси 325.000 евра.
Кога во јуни минатата година се обелодени дека фирмата Виа Доо од Вевчани ќе гради дел од Охридската општа болница, претседателот на Општинскиот комитет на СДСМ во Охрид, Науме Јовановски обвини за непотизам, изјавувајќи дека Виа Доо е фирмата на дедото на пратеникот од ВМРО-ДПМЕ, Александар Спасеновски.