Со 270 илјади евра се завршува Стариот театар – проект кој од 6 порасна до 20 милиони евра!
Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2013 13:30
Во влезната партија на главното фоаје на театарот ќе биде поставена и централна композиција – скулптура на основачите на театарот, што ја изработува уметникот Карадаре. Орнаментиката ќе биде поставена на ложите на главната театарска сала која прикажува мотиви од нашето културно наследство, цркви, манастири, артефакти.
“Театарот освен онаа главна функција, театарската дејност, ќе има и музејска функција. Сите посетители, преку целокупната орнаментика што е застапена во ентериерот, ќе можат да се запознаат со македонската култура и историја. Театарот ќе биде музеј сам за себе“, смета министерката.
Првично проектиран на 6 милиони евра-сега стигна до 20 милиони евра?!
Стариот театар, објект дел од проектот “Скопје 2014“ почна да се гради на почетокот на 2007 година, според идејното решение на архитектот Јован Стефановски-Жан. Составен е од две сцени, главна сала со капацитет од 756 седишта и мала театарска сала проектира на за 236 седишта. Пред две години, покривот на Старо-новиот театар го зафати пожар, што е една од причините за пробивање на првично зацртаниот рок (летото 2012 година) за свечено пуштање во употреба.
Иако власта на почетокот на 2007 година изјавуваше дека објектот ќе чини 6 милиони евра, неговата вредност до сега се приближува до 20 милиони евра. Главен изведувач на Стариот театар е градежната компанија Бетон од Штип.
К.П.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип





