05 Декември, 2025
0.0315

Со 380 илјади евра Битола ќе поправа и обележува улици

Објавено во: Македонија 02 Јануари, 2013 10:54

Добивај вести на Viber

Во 2013 година, општина Битола планира да потроши 23,4 милиони денари (380 илјади евра) за обновување на патната мрежа, како и на сообраќајна сигнализација во градот. Од нив 10,9 милиони денари според програмата ќе се трошат на реконструкција на улици додека поголемиот дел од средствата или 12,5 милиони се планирани инвестиции за подобрување на хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација во општината.

За поквалитетен и побезбеден режим на сообраќајот во оваа година ќе бидат вложени 4 милиони за хоризонталната сигнализација на новоизградените улици и сообраќајници, како и за кружните текови во градот кои што ќе бидат стандардно обележани, 2,5 милиони денари ќе бидат искористени за поставување на нови и обновување на старите сообраќајни знаци и патоказни табли на подрачјето на општината. Oколу еден милион денари се планирани за одржување и поправка на постоечката светлосна сигнализација и семафори, а планирани се средства и за купување на друга опрема, информираат од општина Битола.

Како што појаснуваат од општината, обезбедувањето на потребните средства за реализација на програмата за одржување на комунални објкети и инсталации во 2013 година ќе се врши од буџетот на Агенцијата за државни патишта во Република Македонија, како и од надоместоци за комунална дејност.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец