Со 50 евра в џеб отишла во Германија, набрзо го повлекла и семејството
Објавено во: Балкан, Економија 28 Август, 2016 18:35
Снежана Бекоњиќ од Сисак со 50 евра в џеб заминала во Германија, а потоа и се придружило и семејството.
Таа раскажува дека последните шест години во Сисак работела по 14 часа дневно, како негувателка, медицинска сестра, готвачка за плата од 2.400 куни без годишен одмор.
Ова ја натерало да замине во Германија, каде за работа како негувателка се плаќа по 10 евра од час. Оваа сума не е атрактивна за германските граѓани затоа што работата е напорна, па овие работни места ги потполнува кадар од странство. Се смета дека за 10 години во Германија ќе бидат потребни 200.000 негуватели.
Животот ѝ се сменил во 2015 година кога пријател ја информирал дека на човек во Германија му е потребен негувател. Веднаш ја прифатила работата.
„Отидов уште истиот ден. Во домот во Сисак требаше да работам ноќна смена, се јавив на шефицата и кажав дека заминувам. Никој не очекуваше дека ќе заминам без познавање на јазик, без детето и сопругот, но отидов“ - вели таа.
Снежана по неколку седмици успеала да пронајде стан за сопругот, кој се вработил како домар и сега живеат во Германија. Со мало познавање на германски и со нејзина помош, тој скоро ќе добие и постојано вработување. Снежана вели дека сега може да тргне настрана секој месец одредена сума евра, нешто што претходно не можела да си го дозволи.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




