Со 60 милијарди долари ќе се обновуваат регионите уништени од ураганот „Сенди“
Објавено во: Свет 29 Јануари, 2013 09:23
Американскиот Конгрес одобри 60,2 милијарди долари помош за обновување на регионите што во октомври настрадаа од разурнувачкиот ураган „Сенди“, соопштија светските агенции.
Со 62 гласа „за“ наспроти 36 „против“ вчера Сенатот го одобри предлог законот, што овозможува помош од 50,5 милијарди долари. Кон оваа сума се додаваат 9,7 милијарди долари, одобрени претходно овој месец.
Средствата за доделување на помошта за настраданите од ураганот ќе се обезбедат од специјален државен фонд, создаден пред неколку години за несреќи од ваков тип. Сумата, изгласана од законодавците, се покажа дека е за 30 милијарди долари помала отколку што бараа властите на државите Њујорк, Њу Џерси и Конектикат, кои најмногу беа зафатени од стихијата.Парите, што ќе бидат потрошени во рок од 10 години, се наменети за обновување на станбени згради и објекти од инфраструктурата.
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците




