Добивај вести на Viber
Во духот на верувањата во пресрет на празникот Бадник, верниците од сите населени места вечерва палат бадникарски оган кој, според верувањата го симболизира загревањето на пештерата кај Витлеем во која се родил Исус.
Празникот Бадник се дочекува надвор, крај огнот, со чашка греена ракија, со погача, со македонски песни и ора, со желби за здравје и бериќет.
Општина Карпош традиционално организира прослава со палење Бадников оган спроти празнувањето на Бадник и Божик.
Централната манифестација на палење оган ќе се одржи кај Спортско-рекреативниот центар Влае 2 со почеток во 19 часот.
Традиционално палење на бадникарски оган ќе се одржи и во населбата Маџари во општина Гази Баба, во дворот на црквата Св. Кузман и Дамјан.
Претходно во црквата свештеници на МПЦ-ОА ќе одржат божествена литургија.