22 Декември, 2024
0.0267

Со бесплатен јавен превоз Куманово ја почна борбата со загадениот воздух

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Во новата година, кумановци почнаа да користат бесплатен јавен превоз.

Жителите на сите приградски населби и села со бесплатен јавен превоз патуваат до центарот на градот. Оваа мерка е со цел да се намали загаденоста на воздухот, но и да им се помогне на граѓаните така што нема да трошат пари за превоз. Повозрасните граѓани деновиве без изненадени од фактот дека не треба да платат за билет во автобус, затоа што не користат интернет, а ниту од јавните гласила не дознале за новата мерка. Но, велат дека бесплатниот превоз ќе помогне на многу граѓани, посебно на оние кои живеат во селата и на работниците. Тони Петровиќ од селото Табановце  вели дека мерката е во интерес на граѓаните.

„Штом е бесплатно, секако дека е корисно за граѓаните затоа што имаме 20 до 30 луѓе кои секој ден одат на работа во Куманово. Тоа што е новитет, треба да биде позитивено“, рече Петровиќ.

За поблиските релации граѓаните плаќаат билети по 30 денари, но има и релации каде билетот чини 100 денари во еден правец.

„Слушнав за јавниот превоз. Јас најчесто од населбата Зелен Рид доаѓам со автомобил до центарот, а некогаш и пеш. Ќе користам јавен превоз, ќе ме поттикне и треба и другите да ги поттикне, зошто да не? Сиромаштија е, народот нема пари, па ако пресмета 30 денари во еден правец и 30 денари за назад, луѓето ќе си купат леб со тие пари. Треба да се намали загаденоста на воздухот. Мислам дека не е само до возилата, туку самата клима, местоположбата, градот е во котлина, немаме ветер“, вели Цветан, жител на Куманово.

Граѓаните објаснуваат дека загадениот воздух многу им пречи и затоа во деновите кога аерозагадувањето е алармантно, избегнуваат да излегуваат надвор.

„Кога е загадено, во зимските месеци, околу 12 часот излегуваме да си купиме леб и тоа е тоа. Загадениот воздух како да ме удира во белите дробови, се чувствува, штетно е. Јас живеат во центар, одам пеш каде и да имам потреба, но би користела јавен превоз“, додава Надица, повозрасна граѓанка.

Кумановци велат дека кога ќе отидат во некое од околните села, забележуваат разлика во квалитетот на воздухот. Апелираат нивните сограѓани во поголем број да патуваат со јавен превоз.

„Тоа е многу корисно. Јас би користела јавен превоз, а досега патував со такси, со автомобил, зависно како ќе се снајдев. Кога ќе одиме надвор од Куманово, тоа е друга приказна, се забележува дека воздухот не е толку загаден“, објаснува Софија, жителка на Куманово.

Од такси компаниите во градот велат дека уште е рано да се каже дали мерката ќе се одрази на нивната работа, но додаваат дека одреден број на граѓани и натаму ќе користат такси превоз. Наведуваат дека во доцните вечерни часови јавен превоз нема, така што граѓаните ако немаат сопствено возило ќе патуваат со такси. Во градот има неколку такси компании, а некои од нив имаат на расплагање и до педесетина возила.  Бесплатниот јавен превоз според најавите ќе функционира до крајот на јуни годинава. Како што најави градоначалникот Максим Димитриевски ќе следат дали проектот ќе има ефект и ќе соопштат податоци. Во комуникацијата со месните заедници ќе се информираат дали граѓаните се задоволни. За оваа намена од општинскиот буџет на приватните превозници ќе им бидат исплатени 30 милиони денари. Што се однесува до загадувањето на воздухот, Куманово е еден од градовите кој мака мачи со аерозагадувањето. 

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ГАЛИЧНИК ОТСЕЧЕН ПОРАДИ СНЕГОТ: Сопствениците на 230 куќи не можат да пристапат, патот не е исчистен!

ГАЛИЧНИК ОТСЕЧЕН ПОРАДИ СНЕГОТ: Сопствениците на 230 куќи не можат да пристапат, патот не е исчистен!

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Католички Божиќ ги врати нашите од странство

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Католички Божиќ ги врати нашите од странство

ФАКТ Е ДЕКА НЕ БИЛ ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Ако бил, ќе дојде да ја брани својата невиност, вели Мицкоски

ФАКТ Е ДЕКА НЕ БИЛ ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Ако бил, ќе дојде да ја брани својата невиност, вели Мицкоски

СЕ ПОВТОРУВА МОЌНИОТ ЦИКЛОН “ГАБОР” ОД 2012 ГОДИНА: Од вечерва на Балканот доаѓа силно снежно невреме!

СЕ ПОВТОРУВА МОЌНИОТ ЦИКЛОН “ГАБОР” ОД 2012 ГОДИНА: Од вечерва на Балканот доаѓа силно снежно невреме!

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА Е ВОДАТА ПО САНИРАЊЕТО НА ДЕФЕКТОТ: Се огласија од Водовод

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА Е ВОДАТА ПО САНИРАЊЕТО НА ДЕФЕКТОТ: Се огласија од Водовод

ЗА СЕКОГО ЌЕ НАЈДЕШЕ ДОБАР ЗБОР, СВЕТОЛ ПАТ ДРАГ ЧОВЕКУ: Професорката Малеска се прости од професорот Арнаудовски

ЗА СЕКОГО ЌЕ НАЈДЕШЕ ДОБАР ЗБОР, СВЕТОЛ ПАТ ДРАГ ЧОВЕКУ: Професорката Малеска се прости од професорот Арнаудовски

БАБА ЗИМА ЌЕ УДРИ СИЛНО: Попоски најавува многу снег и силен ветер, од утре длабок и многу студен Средоземен циклон од утре доаѓа во Македонија!

БАБА ЗИМА ЌЕ УДРИ СИЛНО: Попоски најавува многу снег и силен ветер, од утре длабок и многу студен Средоземен циклон од утре доаѓа во Македонија!

ДА СУМ НА МЕСТОТО НА ГРУБИ И ЈАС ЌЕ ИЗБЕГАМ: Калајџиев кажа што го тера да го брани поранешниот вицепремиер

ДА СУМ НА МЕСТОТО НА ГРУБИ И ЈАС ЌЕ ИЗБЕГАМ: Калајџиев кажа што го тера да го брани поранешниот вицепремиер

НЕМА ПОПУШТАЊЕ, НОВ ЗАКОН ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ СЕПАК ЌЕ ИМА: Но ќе биде со подобрен текст

НЕМА ПОПУШТАЊЕ, НОВ ЗАКОН ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ СЕПАК ЌЕ ИМА: Но ќе биде со подобрен текст