20 Декември, 2025
0.0991

Со едукација и зголемени контроли ќе се спречува насилството во автобусите

Објавено во: Мои пари 28 Ноември, 2013 19:33

Добивај вести на Viber

Ќе се зголемува контролата во автобусите на ЈСП во Скопје со цел да се спречат инцидентите и тепачките. За само шест месеци нападнати се 9 возачи, имало 15 инциденти, а 207 малолетници физички се пресметувале. Затаоа, велат од МВР,  треба е превенирање на ваквите појави. „МВР во своето превентивно дејствување секогаш се водело и од актуелните проблеми и состојби, но не го занемарувало и планското, континуирано секојдневно ангажирање на полициските служби. Затоа кога говориме за безбедноста на малолетниците, за превенцијата од насилство, дозволете ми да ве потсетам дека само во изминативе две-три години МВР самостојно или во соработка со други институции настапи со низа конкретни проекти,“ смета Гордана Јанкуловска, министерка за внатрешни работи. Сега во автобусите не екраните веќе се испишуваат пораки за ненасилство како „Да го спречиме насилството“, „Скопје град без насилство“, кои надлежните се надеваат дека ќе помогнат во оваа ситуација и ќе допрат до најмладите. „Како превентивна мерка за нивно намалување вработени се четворица контролори во автобусите 65 и 55 кои се задолжени да превенираат или спречат инциденти. Ваквата мерка покажала досега успешни резултати,“ вели Мишо Николов, директорот на ЈСП. Покрај ова од ЈСП најавиија дека ќе набават и 50 снимачи за камери, бидејќи камерите кои се наоѓаат во новите автобуси служат сам за пренесување на сликата до возачот. Но и набавката на снимачите ќе оди етапно, бидејќи се потребни пари. Од полицијата се уште не ги пронашле насилниците кои повредија 6 деца во автобусот со број 65 во скопски Сингечиќ. Сепак Јанкулоска вели дека ќе се фокусираат на едукација на сите средношколци од подрачјето на општините Кисела Вода, Гази Баба и Ѓорче Петров.  Исто така автобусите што возат кон нон Сопшите, Арачиново, Стајковци, но и кон хемиското училиште ќе бидат под лупата на полицијата и ЈСП.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии