Добивај вести на Viber
Кејот на реката Брегалница во центарот на Берово ќе се реконструира со финансии од Европската Унија во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка.
Како што информираат од општината, реализацијата на овој проект е дел од проектот „Обнова на животната средина за поквалитетен живот”, во вкупна вредност од 500 илјади евра, што ќе се реализира во соработка со бугарската општина Сандански.
Половина од финансиите се наменети за уредување на кејот во централното градско подрачје на Берово, како и за изградба на пешачка и велосипедска патека и скејт парк со површина од 500 метри квадратни.
На свеченоста е најавено присуство на заменик-министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски