УСТАВЕН ПОВЕДЕ ПОСТАПКА ЗА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИТЕ: Иницијативата за платите на обвинителите ја отфрли

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2024
Уставен поведе постапка за наплата на долговите, а иницијативата за платите на обвинителите ја отфрли.
Уставниот суд денеска поведе постапка за дел од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи во делот на присилна наплата на долговите и донесе времена мерка со што до конечната одлука се сопира спроведувањето на оспорениот дел од законот. Уставниот суд денеска не поведе постапка за Законот за плати на јавните обвинители што значи дека останува на сила законот со кој што се намалува коефициентот за пресметка на платите на јавните обвинители, а со тоа и висината на истата.
„Во оваа фаза Судот изрази сомнеж дека оспорените членови се во спротивност со повеќе уставни одредби меѓу кои и владеењето на правото, правото на гарантирана сопственост, правото на еднаквост на граѓаните пред Уставот и особено забраната за повратно важење на законите“, се наведува во соопштението од Уставниот суд.
Пред Судот, како што се вели во соопштението, основано се постави прашањето дека законодавецот не го почитувал тоа што првично го гарантирал и утврдил нови услови и рокови под кои ќе се одвиваат воспоставени правни односи помеѓу доверителите и должниците, утврдени претходно со правосилна судска одлука, односно извршна исправа.
„Собранието, согласно својата надлежност да ги уредува правните односи на граѓаните го скратило рокот на застареност на побарувањата на доверителите од десет на пет години, но притоа не внимавало на забраната на повратно важење на законите, како и на уставната обврска да овозможи преоден период за прилагодување на граѓаните на новиот правен режим“, се вели во соопштението.
Во согласност со Уставот, како што наведуваат од Судот, исклучок од споменатото правило е дозволен, но Собранието не даде одговор до Уставниот суд, ниту пак во образложението на предлог-законските измени не се осврнало на причините и целите за правење на ваков исклучок, со што во судската пракса, како и во нормативниот поредок е предизвикан хаос.
При вакви околности кога не е предвиден период на прилагодување, при носењето на овие измени, Судот се сомнева дека се нарушени легитимните очекувања на граѓаните како и нивната правна извесност.
Во поткрепа на аргументите за поведување на постапка за оценка на уставноста на одредбите и изрекување на т.н. времена мерка, како што се истакнува во соопштението, биле анализирани одлуки на Европскиот суд за човекови права во насока на донесената одлука на Уставниот суд.
„Собранието со ниту еден збор не се осврнува на причините за скратување на уставно утврденото правило за времето од донесување на законот до времето кога истиот ќе стапи на сила (вакацио легис), со што се доведува во прашање и почитувањето на член 52, став 3 од Уставот“, велат од Уставен.
Во однос на фактот дека Судот во јануари 2024 година по овој закон не поведе постапка, Уставниот суд ја искористи деловничката можност како и уставно-судската пракса повторно да се впушти во расправа за прашањето на уставноста на истите законски одредби, врз основа на тоа што е направена подлабока анализа и е изнесена дополнителна аргументација, како и врз основа на фактот дека овој пат Судот одлучуваше во полн состав.
Уставниот суд денеска не поведе постапка за Законот за плати на јавните обвинители што значи дека останува на сила законот со кој што се намалува коефициентот за пресметка на платите на јавните обвинители, а со тоа и висината на истата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

ЗАПЛЕНЕТИ НАД 188 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА „ТЕШКА“ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - Царина и БЈБ со детали за стопираниот извоз на дрога

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ МАРКЕТИ ЗАРАБОТИЈА КАЗНИ ОД ВКУПНО 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД АХВ - нехигиенски држеле и продавале месо, а имало и со поминат рок
