ТРАГЕДИЈА ВО СОСЕДСТВОТО: млада Македонка загина во сообраќајка во Грција (ВИДЕО)
Објавено во: Балкан 21 Јуни, 2024 16:44
Македонка на возраст од 30 години загина во тешка сообраќајка која денеска се случила во близина на Солун. Во несреќата се повредени уште три млади девојки исто така од Македонија.
Сообраќајката како што јавуваат грчките медиуми е на патот Игнација, надвор од Нисели во близина на Солун. Според информациите на сајтот Вериотис.гр, 30-годишна жена е мртва, две од нејзините сопатнички се пренесени во болницата во Верија, а третата во Солун.
Според грчките медиуми, во болницата во Верија се пренесени 27-годишна жена во тешка состојба која моментално е на операција и 25- годишна жена која е вон животна опасност. Покрај тоа, четвртата жена од првото возило во кое биле македонските државјанки, била интубиирана од спасувачите на ЕКАБ на местото на несреќата и веднаш била префрлена во болница во Солун, бидејќи нејзината состојба била многу тешка. Во болницата во Верија со полесни повреди е пренесен и 74-годишен маж, возач на вториот автомобил.
Неофицијални, повредените жени се битолчанки кои патувале за Солун.
Според грчките медиуми, сообраќајката се случила на пет километри по излезот Нисели во правец на Солун кога се судриле две возила. За извлекување на девојките од првото возило била потребна помош од пожарникари кои ги пресекла вратите за да можат да ги извлечат.
Сообраќајот бил во прекин додека повредените со возило на Брза помош не биле пренесени во болница и возилата биле преместени покрај патот.
Фото: Принскрин/Јутуб
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




