04 Ноември, 2024
0.0299

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

Објавено во: Балкан 05 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Тешка механизација од утрово е на терен во Дола Јабланица. Спасувачите со голи раце ги отстрануваат и урнатините и остатоците од куќите, дрвјата и другите предмети за да го расчистат теренот и да стигнат до куќите.

Новинарката на Федерална ТВ од Сараево, Дамира Ибрановиќ за Фактор соопшти повеќе детали што се случува денеска во катастрофално погодените подрачја бо БиХ.

-За само неколку часа животот на луѓето во погодените подрачја е превртен наопаку, а според последните информации од локалните власти загинаа повеќе од 20 лица. Десетици се водат како исчезнати. За жал, речиси со сигурност можам да кажам дека оваа бројка не е конечна, бидејќи свлечиштата затрупаа цела населба во Долна Јабланица додека луѓето спиеја и се уште се работи на ископување на тој простор. Навистина е страшно тоа што се случи, а уште пострашно е што покрај природниот фактор кој секако е последица на климатските промени има и човечки фактор. Обемот на свлечиштето во Дола Јабланица е поголем поради локалниот каменолом, кој ги нема сите потребни дозволи за работа, а работи речиси 30 години. И непланското сечење на шумите кое апсолутно не е контролирано од државата, негрижата на владата за речните корита, непланското градење... сето тоа се фактори кои значително придонесоа за катастрофата што ги снајде овие луѓе. Жално е што по катастрофалните поплави во 2014 година ништо не научивме и надлежните не презедоа ништо такво нешто да не се повтори. Знаеме дека сме повеќе или помалку немоќни пред природата, но сепак има некои работи што може да се направат за барем да се намали обемот на катастрофите како овие поплави, посочува Ибрановиќ во изјава за нашиот медиум.

Таа вели дека дури и во вакви ситуации секогаш има барем некоја светла точка, ако може така да се нарече.

-Во моментот кога ги броиме загинатите во нашата земја, солидарноста на луѓето и подготвеноста за помош е добредојдена. Вчера хуманитарната организација pomozi.ba собра 250.000 марки за помалку од 24 часа за да им помогне на луѓето во поплавените подрачја. Отворени се пунктови низ БиХ каде граѓаните можат да носат храна, лекови, ќебиња, облека и се друго што е потребно за овие луѓе. Бројни градови и општини веќе донираа стотици илјади марки од нивните буџети; компании и поединци исто така. Цивилите во моментов се спречени физички да помагаат на терен поради нивната безбедност, но секако ќе придонесат кога ќе помине опасноста, преку активности за чистење и помагање на други начини. Хрватска и Турција ги ставија на располагање сите свои ресурси и тимови кои можат да помогнат. Хрватска дури воведе механизам на Европската унија за такви ситуации. Верувам дека и другите земји од околината се достапни да помогнат, вели Ибрановиќ.

Најмалку 21 лице загина во катастрофалните поплави што ја погодија Босна и Херцеговина. Само на подрачјето на Јабланица во поплавите и свлечиштата што синоќа ја погодија БиХ загинаа 17 лица. Се стравува дека бројот на жртвите може да биде значително поголем, бидејќи стотици луѓе се сметаат за исчезнати.

Урнати се голем број куќи, се урнаа патишта, мостови, па дури и железничка пруга. Се бара сместување за голем број луѓе кои останале без покрив над главата.

Анита Буховски

фото: EPA-EFE/NIDAL SALJIC

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЈ СТОИ ЗАД УНГАРСКАТА КОМПАНИЈА КОЈА ГИ НАДГЛЕДУВАШЕ РАБОТИТЕ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА: Истите тие работат и на Националниот стадион во Србија

ЕВЕ КОЈ СТОИ ЗАД УНГАРСКАТА КОМПАНИЈА КОЈА ГИ НАДГЛЕДУВАШЕ РАБОТИТЕ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА: Истите тие работат и на Националниот стадион во Србија

МРТВА ТИШИНА, СЕ ПОВЛЕЧЕ И ПОЛИЦИЈАТА: Завршени се истрагите на Железничката станица во Нови Сад, сослушани се 26 лица

МРТВА ТИШИНА, СЕ ПОВЛЕЧЕ И ПОЛИЦИЈАТА: Завршени се истрагите на Железничката станица во Нови Сад, сослушани се 26 лица

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ГРЦИЈА: Епицентарот кај Неа Мудања во близина на Солун

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ГРЦИЈА: Епицентарот кај Неа Мудања во близина на Солун

„ВАКВИ ТЕШКИ ПОВРЕДИ СЕ ГЛЕДАТ САМО ВО ВОЕНИ УСЛОВИ“: УКЦ Војводина за состојбата на повредените, „Се уште се во животна опасност“

„ВАКВИ ТЕШКИ ПОВРЕДИ СЕ ГЛЕДАТ САМО ВО ВОЕНИ УСЛОВИ“: УКЦ Војводина за состојбата на повредените, „Се уште се во животна опасност“

ПОВРЕДЕНИТЕ СЕ НА АПАРАТИ ЗА ДИШЕЊЕ, УШТЕ СЕ ВО ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКА СОСТОЈБА: Детали соопшти директорката на КЦ Војводина

ПОВРЕДЕНИТЕ СЕ НА АПАРАТИ ЗА ДИШЕЊЕ, УШТЕ СЕ ВО ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКА СОСТОЈБА: Детали соопшти директорката на КЦ Војводина

КОЈ СТОИ ЗАД УНГАРСКАТА КОМПАНИЈА КОЈА БЕШЕ НАДЗОР НА РАБОТИТЕ НА СТАНИЦАТА ВО НОВИ САД? Сите детали за бизнис зделките

КОЈ СТОИ ЗАД УНГАРСКАТА КОМПАНИЈА КОЈА БЕШЕ НАДЗОР НА РАБОТИТЕ НА СТАНИЦАТА ВО НОВИ САД? Сите детали за бизнис зделките

АРХИТЕКТОНСКИ БИСЕР СРЕДЕ НОВИ САД НА ИМРЕ ФАРКАШ ОД 1964: Со македонскиот архитект Ристо Шеќерински ја проектирал и тетовската гимназија

АРХИТЕКТОНСКИ БИСЕР СРЕДЕ НОВИ САД НА ИМРЕ ФАРКАШ ОД 1964: Со македонскиот архитект Ристо Шеќерински ја проектирал и тетовската гимназија

„ТЕЛАТА НА ДВЕТЕ СЕСТРИЧКИ ГИ ПРОНАЈДОВМЕ ЕДНО ДО ДРУГО“: Во тој момент сите плачевме, спасувачот Јершиќ за Тина и Сара

„ТЕЛАТА НА ДВЕТЕ СЕСТРИЧКИ ГИ ПРОНАЈДОВМЕ ЕДНО ДО ДРУГО“: Во тој момент сите плачевме, спасувачот Јершиќ за Тина и Сара

ОВА Е ПРИЧИНАТА ЗА УРИВАЊЕ НА НАТСТРЕШНИЦАТА – ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР ДЕТАЛНО ОБЈАСНИ: Зошто паднаа потпорните столбови?

ОВА Е ПРИЧИНАТА ЗА УРИВАЊЕ НА НАТСТРЕШНИЦАТА – ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР ДЕТАЛНО ОБЈАСНИ: Зошто паднаа потпорните столбови?