19 Декември, 2025
0.0492

Со ИПАРД средства до развој на руралниот туризам

Објавено во: Економија 04 Април, 2013 19:47

Добивај вести на Viber

По низата програми за раст  и развој на земјоделството, сега треба да тргнеме со уште покрупни чекори преку градење објекти за доработка и преработка на земјоделски производи, изјави  заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, за време на ИПАРД форумот „Нови измени во ИПАРД програмата  - подобри можности за користење на европските фондови“. Тој посочи дека со нови проекти треба да се искористат претпристапните европски средства преку ИПАРД програмата, која се отвара и за руралниот туризам.

„ Преку претпристапната помош ќе може да се вложува во руралниот туризам. Ќе имаме добра можност да им презентираме на сите оние што се заинтересирани за развој на руралниот туризам да можат да ги искористат европските средства, бидејќи преку ИПАРД програмата и одредени мерки има средства што може да се искористат за изградба на хотели, мотели во руралните средини со капацитет од 30 до 50 легла“, рече Коњановски.

Средствата, порача, треба што побргу да ги искористиме, со цел обезбедување дополнителни нови вработувања, но и нови вредности во руралниот туризам на Македонија.

Коњановски посочи дека од 2009 година  на Македонија и се на располагање европски средства и оти досега се реализирани седум јавни повици и се искористени се 15,5 милиони евра, наменети за развој на земјоделството.  Тој потсети и дека ресорното Министерство овозможи легализација на бесправно изградени објекти на земјоделско земјиште  со цел да можат да се извадат соодветни документи, градежна дозвола, и потоа лесно да ги користат европските средства.

 

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра